TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Загреб 🚌

 


НОВА ГОДИНА – Загреб 2023
30.12.2022-02.01.2023
Дочекајте ја Нова година во хрватската метропола,со посета на еден од најголемите и најпопуларни Божиќни маркети во Европа

 

1 ден    30.12 Петок                      СКОПЈЕ–ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел “Holiday Inn” во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.

2 ден    31.12 Сабота                     ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија.

Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.
Вечерта дочек на Новата Година на плоштадот. Ноќевање.

3 ден    01.01 Недела                   ЗАГРЕБ-ЉУБЉАНА–ЗАГРЕБ
Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот:  Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Вечерта,  повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” – црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење. Ноќевање.

4 ден    02.01 Понеделник                          ЗАГРЕБ–СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”.
Попладне, поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

  

За уплата до 30 Ноември:    189 €   (11.720 денари)

Редовна цена на аранжманот:  209 €   (12.960 денари)

 

Во цената Е вклучено:
Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
Сместување во хотел Aristos 4* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
Организиран разглед на Загреб со локален водич
Посета на Christmas market
Посета на шопинг центар “Arena Centar”
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Посета на Љубљана 40 €
Патничко – здравствено осигурување
Туристичка такса 370 ден. по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција)
Доплата за еднокреветна соба 4100 денари
Доплата за избор на седиште во автобус 10 €
Дете до 3 години гратис (без легло)
Дете од 3-7 години (без легло, спие со родители) 1860 ден за две ноќевања

 


За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Пријавување за факултативните излети при резервација (за реализација е потребно минимум 30 патници).
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи агенцијата не сноси одговорност.
Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата ( местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Пасошот треба да важи минимум 90 дена од завршувањето на патувањето.
Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.
Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.

Начин на плаќање:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

 

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )