TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Андалузија

 

  1. Октомври (Среда) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МАЛАГА
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:10 часот. Полетување за Малага во 13:20 и пристигнување во 16:55 часот. Трансфер до хотелот во Малага и сместување. Овој шпански приморски град, сместен на брегот на Медитеранот, полн е со траги од богатата историја, а изобилува и со пулсирачки модернизам. Освен по широките Авении со палми и паркови со тропски растенија, градот е препознатлив и по мавританската тврдина Гибралфаро и палатата Алкасаба, за која се вели дека била еднаква на Алхамбра, но била запоставена низ вековите… Ноќевање.
  1. Октомври (Четврток) МАЛАГА
    Појадок. Разглед на најголемиот јужен европски град Малага, наречен уште и „Престолнина на Коста дел Сол“ и родното место на прочуениот шпански сликар Пабло Пикасо, можност за посета на музејот со неговите дела, прошетка до Римскиот театар, стариот градски кварт и Катедралата… Слободно време за шетање и уживање покрај море. Ноќевање.
  1. Октомври (Петок) МАЛАГА – СЕВИЛЈА
    Појадок. Патувањето продолжува за Севилја. Пристигнување во најинтересниот и најраскошниот град во Андалузија и сместување во хотелот. Разглед на “престолнината” на Андалузија, Алказар, некогашна маварска владетелска палата, величествената Катедрала со повеќе олтари, со дела од познатите шпански сликари Франциско Зурбаран и Гоја и високата кула Гиралда со маварска декорација… Ноќевање.
  1. Октомври (Сабота) СЕВИЛЈА
    Појадок. Препорачуваме прошетка до квартот Санта Круз со вкусување на шпанскиот  “тапас” и можност за крстарење со брод по реката Гвадалкивир од Златната Кула, од каде во 16 век испловувале Магелан и Кортес. Во вечерните часови, факултативна посета на шоу програма со фламенко танц, настанат во “темпераментната” Андалузија. Ноќевање.
  1. Октомври (Недела) СЕВИЛЈА – КОРДОБА – ГРАНАДА
    Појадок. Тргнување за Кордоба, “осамениот град во срцето на Андалузија”, на брегот на реката Гвадалкивир. Разглед на градот опеан во стиховите на Лорка, град кој ги зачувал своите архитектонски бисери како што се: Стариот мост, Еврејскиот кварт и Џамијата Мескита, симбол на градот и чудо на архитектурата, дел од богатството заштитено од УНЕСКО. Патувањето продолжува за Гранада. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотелот. Ноќевање.
  1. Октомври (Понеделник) ГРАНАДА
    Појадок. Разглед на сликовитата Гранада, град на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон. Посета на величествената Алхамбра, чие име на арапски значи „Црвена тврдина“. Тоа е една од најголемите туристички привлечности на Пиринејскиот Полуостров, комплексот од исламски и христијански објекти, заедно со прекрасните градини претставувал инспирација за многу поети. Од 1984 година се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Ноќевање.
  1. Октомври (Вторник) ГРАНАДА – МАЛАГА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
    Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Малага.  Полетување за Истанбул во 12:05 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:25 и полетување за Скопје во 19:00. Слетување во Скопје во 19:25 часот.

 

Цена на аранжманот:  999 €   (61.950 денари)

 

Цената вклучува: 
Авионски превоз Скопје–Истанбул-Малага–Истанбул–Скопје
Вклучени Аеродромски такси
Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
Шест ноќевања со појадок во Хотели 3/4* (Две во Малага, Две во Севилја и Две во Гранада)
Разгледи и прошетки во градовите според програмата
Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување

Напомени:
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

 

Андалузија е најголемиот шпански регион со преубави градови и живописни села. Со околу осум милиони жители, таа е поголема од половина европски држави. Најјужниот регион на Шпанија, каде се сретнуваат Средоземното Море и Атлантскиот Океан е местото каде историјата оставила длабоки траги.

Андалузија е лулка на коридата, фламенкото, гитарата… Сонце, страст, звуци на фламенко и впечатливи бои, тоа е Андалузија, регион во кој се допираат истокот и западот во егзотична мешавина од традиционалните: шпанска, еврејска и арапска култура. Освен по убавината и културната разновидност, позната е и по шпанскиот заводник Дон Жуан и уметниците Диего Веласкез и Пабло Пикасо, чии најважни дела се наоѓаат во музејот во неговиот роден град Малага.

Покрај песочните плажи и планинските ресорти, тука е и модерната Андалузија со градови полни со отмени бутици, барови, ресторани и бурен ноќен живот. Андалузиските забави се познати како најгласни и “најколоритни”.

 

  1. За реализација на аранжманот потребен е минимален број 15 платежни патници.
  2. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  3. Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии (во зависност од факултативата).
  4. Aко некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
  5. Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
  6. Седиштата во авионот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
  7. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
  8. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  9. Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  10. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
  11. Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  12. За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
  13. Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист
  14. Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  15. Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  16. Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
  17. Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  18. Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
  19. Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
  20. Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
  21. Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  22. Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  23. Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
  24. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  25. Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
  26. Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
  27. Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
  28. Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  29. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ ја сноси патникот.
  30. Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  31. Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

Малага, ШПАНИЈА
среда, октомври, 18, 2023
7 dena 6 noki
20
€999.00

Октомври 2023

АВИОН
18.10-24.10.2023

€999.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица