Програма
1 ден 03.03.2022 (Четврток) Македонија-Атина
Состанок на групата во 20,30 часот.Поаѓање во 21:00 часот од Спортска Сала Младост. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.
2 ден 04.03.2022 (Петок) Атина-Разглед
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…). Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта можност за ноќна прошетка во центарот на Атина и Плака. Ноќевање1.
3 ден 05.03.2022 (Сабота) Атина-Егина
Појадок. Факултативна – еднодневна екскурзија на островот Егина (25 Еур). Овој остров е дел од Саронските острови и се наоѓа на околу 30 километри од Атина. Егина е дом на антички урнатини (вклучувајќи го и познатиот храм Афаја), неверојатни плажи, шармантни селца и пристаништа. Плус, во минатото градот Егина кратко бил престолнина на Грција. Ќе ја посетиме црквата посветена на Свети Нектариј Егински, подигната од старец Нектариј Виталис со помош на верното население, и каде што старецот за време на својот земен живот служел и живеел. Потоа одиме да се поклониме на гробот на скороупокоениот старец Нектариј Виталис. После посетата на Камариза тргнување кон пристаништето во Пиреја. Враќање во Глифада. Слободна вечер. Ноќевање 2.
4 ден 06.03.2022 (Недела) Атина-Македонија Појадок. Организиранo заминување за Сунион-најјужната точка на Балканскиот полуострово со посета на Посејдоновиот храм (факултативно 10 Еур). Слободно време за прошетка и ручек. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до Охрид, Прилеп и Скопје.
Цена на аранжманот: 109 € / 6,758,00 МКД
Деца: 2-12 години со двајца возрасни 60 €/ 3700,00
Еднокреветна соба 135 Еур. Трето лице на додатен лежај 89 €
Во цената се вклучени следниве услуги:
Превоз со високо туристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел 3*
Организиран разглед на градот со локален водич
Организација и водство на патувањето
Во цената НЕ се вклучени следниве услуги:
Факултативен излет на островот Егина (бус+брод)
Екскурзија на Сунион
Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол
Патничко и здравствено осигурување 150 мкд
Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 €/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 € по лице
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
Факултативен излет на островот Егина (бус+брод) 25€Факултативни
Екскурзија на Сунион 10€
Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол 12 €;
НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ: Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање. ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ: – За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници. Услови
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
– Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
– Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
– Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист