TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Атина

Цена на аранжманот за уплата до 31/01/2024: 134€ / 8,308,00 МКД

 

1.ден 07.03.2024 (Четврток) Македонија-Атина
Состанок на групата од Скопје на Дрводекор во 18.00 часот.
Организиран транфер до Битола.
Состанок на групата во Битола во 20,30 часот.
Поаѓање за Грција преку граничен премин Меџитлија во 21:00 часот.
Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

2.ден 08.03.2024 (Петок) Атина-Разглед-Акропол-Плака – Глифада
Пристигнување во Атина во утринските часови.
Заминување на панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…).
Сместување во хотел.
Слободно попладне.
Вечерта можност за факултативна ноќна посета на Атина и Плака, и таверна со музика и танци 35€. Ноќевање 1.

3.ден 09.03.2024 (Сабота) Атина-Пелопонез-Нафплион
Појадок.  Слободен ден за прошетка и уживање во прекрасната Глифада или во Атина. Факултативна посета (40€) на Пелопонез со водич. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.
Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Паламиди, древната тврдина Акронавплиа, отоманската тврдина Боуртзи).
Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон… Враќање во хотелот. Ноќевање 2

4.ден 10.03.2024 (Недела) Атина- Бања Лутраки – Македонија
Појадок. За минување за Лутраки, летувалиште во близина на Коринтскиот канал на Пелопонез во Грција. Домаќините љубоморно го чуваат за себе. И со причина, бидејќи Лутраки е необичен и во многу нешта посебен. Потсетува на она што постарите генерации со задоволство го конзумирале летно време. Личи на мирот и убавината на далматинските гратчиња вдолж на Јадранскиот брег.
И Лутраки е на море, со плажи покриени со камчиња, заплискани со нестварното синило на кристално чистата морска вода.
И ова последново е картата на која играат домаќините кога се во прашање туристите. Укажуваат дека синото знаменце им е закачено на плажите уште од 1993 година. Тоа е своевиден печат за квалитет.
Не е само ова вредност на современиот Лутраки. Мал поглед на назад открива Терма, што е древно име за Лутраки, кое потекнува од божицата Артемида, заштитничката на терапевтските минерални води. Градот бил и колевка на древната грчка цивилизација, бидејќи неговата централна положба, во комбинација со познатите, лековити природни минерални води, биле познати како најценето бањско лечилиште уште во античка Грција. Ке посетиме бања (20€) каде ќе уживаме во базените со термална вода, сауни и џакузи. Ќе уживаме и во изобилството од гастрономски волшебства.

Термалниот спа Лутраки се наоѓа во модерен, гостопримлив простор и нуди целосно подмладување на телото и умот со базени за хидротерапија, индивидуални бањи, сауна, парна бања и масажа со етерични масла, кал и морска терапија. Водите Лутраки се познати уште од античко време по нивните лековити својства и многу еминентни историски личности користеле од лековитите извори. Денес Лутраки се смета за врвно спа-одморалиште во Грција. Објектите во Термал Спа вклучуваат затворени загреани базени со водопади и млаз хидромасажа, кабини со бањи хидротерапија, сауна, парна бања, сала за јога и фитнес објекти. Посетителите можат да ја вкусат и чудесната лековита вода Лутраки која е особено корисна за висок крвен притисок и проблеми со бубрезите. Термалните води Лутраки се лековити за голем број здравствени проблеми, меѓу кои ревматоиден артритис, болки во грбот, кожни заболувања, цервикален синдром и секако стрес.
Поаѓање за Македонија во попладневните часови.
Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до градови. Крај на аранжманот.

 

Цена на аранжманот: 149 €/ 9,238 МКД

Цена на аранжманот за уплата до 31/01/2024: 134 €/ 8,308,00 МКД

Деца: 2-12 години со двајца возрасни 99 € / 6.138,00 .
Еднокреветна соба 199 € /12.338,00

Во цената се вклучени следниве услуги:
Превоз со високо туристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел 4* во Глифада https://www.athenscoasthotel.gr/
Организиран разглед на градот Атина и Акропол со локален водич
Екскурзија за најпознатата бања во Грција- Лутра Пелопонез (се доплаќа влезница)
Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:
Задолжително патничко осигурување
Факултативна посета на Пелопонез – 40 €
Влезници за театарот во Епидариус – 6 € и Микена 6 €
Влезница за во Акропол со водич – 12 €
Грчка вечер со музика и танци – 35 €
Факултативен влез во бањите – 20 € – топли базени, џакузи, парна бања…
Туристичка такса 4 € по лице за две ноќевања (се плаќа во хотел)
Индивидуални трошоци
Доплата за повратен трасфер Скопје и останати градови 10 €

 

 

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА ТУРИСТ.

 

Атина, ГРЦИЈА
четврток, март, 7, 2024
4 dena 2 noki
40
€149.00

МАРТ 2024

АВТОБУС
07 - 10.03.2024

€149.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица