TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Барцелона

 

1 ден. ( 06.03.2023 Среда ) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 2:30 часот. Лет за Барселона со конекција преку Виена во 04:30 часот со авиокомпанијата Austrian Airlines. Пристигнување во Барселона во 09:20 часот по локално време. Панорамски разглед на најзначајните знаменитости на Барселона со локален водич. Трансфер до хотел, превземање на собите според хотелските правила. Слободно попладне за индивидуални активности, или прошетка во центарот на Барселона, Placa de Catalunya, La Rambla, Mercado de la Boqueria, плажата Барселонета, со придружникот на групата. Можност за организирана вечера во ресторан или во хотел. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден (07.03.2023 Четврток ) Барселона
Појадок. Факултативен целодневен излет BARCELONA TOUR со превоз и локален водич. Посета на Park Guell, ремек делото на познатиот Шпански архитект Антони Гауди кој е составен од прекрасни градини и уникатни архитектонски елементи. Неговите дела денес се симбол на Барселона и се карактеризираат со меки и брановидни линии, односно елементи кои наликуваат на живи организми. Благодарение на неговата архитектура градот станал туристичка атракција. Park Guell е дел од листата на Светското Културно Наследство под заштита на Унеско. Неговите дела кулминираат со создавањето на базиликата и црквата на Светото Семејство – Sagrada Familia која исто така е Светско Културно Наследство под заштита на Унеско. Посета на Sagrada Familia, најголемата недовршена Католичка црква во светот чија изградба е започната од 1882 година, а се очекува да се заврши до 2026 година, на одбележувањето на стогодишнината од смртта на Гауди. Поаѓање кон етничкото село Poble Español и посета на музејот на отворено. Пoблe Еспањол или „Шпанско село“ е уште една во серијалот од големите атракции изградени во Барселона. Денес Шпанското село е еден вид музеј на архитектурата и културата на Шпанија. Се состои од 117 згради, плоштади и улици кои се типични за 15 различни области на Шпанија. Во рамките на овој комплекс има театар и музеј на современа уметност, уметнички работилници и голем број ресторани со специјалитети кои потекнуваат од различни региони на Шпанија. Се наоѓа во еден од најтуристичките делови на Барселона. Можност за организиран ручек. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативен излет во вечерните часови, Фламенко шоу и гастрономска тура за уживање и забава, каде што може да се вкусат најдобрите Шпански специјалитети од сите делови на Шпанија. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден ( 08.03.2023 Петок ) Барселона – Жирона – Фигуерес
Појадок. Факултативен целодневен излет, посета на Гирона и Фигуерас.
Гирона е град во североисточниот регион на Каталонија во близина на границата со Франција, покрај реката Ониар, познат по средновековната архитектура, посебен шарм на овој град даваат стариот кварт Barri Vell и Римските остатоци од тврдината Forca Vella, град во кој доминираат средновековни градби и потсетници на Римјаните, Арапите и Евреите, насекаде има можност да се проба регионалната кујна која во своите рецепти ги обединува производите од морето и планините. Импресивната Готска Катедрала во Girona е една од најпрепознатливите локации од култната серија Game of Thrones. Посета на Figueres, посета на ексцентричниот музеј и театар на Салвадор Дали. Музејот на Салвадор Дали се наоѓа во неговата семејна палата, а изложбата, која е компилација на делата на уметникот од различни периоди, ја поставил самиот маестро. Секоја просторија од овој необичен музеј може да се види како еден вид уметничко дело. Освен сликите на Салвадор Дали, секако може да се видат и многу негови дела и необични инсталации. Можност за организиран ручек. Враќање во Барселона во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден ( 09.03.2023 Сабота ) Барселона – Скопје
Одјавување од хотелот и трансфер кон аеродромот во Барселона.
Лет во 05:50 со авиокомпанијата Lufthansa, Барцелона-Франкфурт-Скопје
Слетување во Скопје во 14:00 часот.

Во цената е вклучено:
Авионски превоз Скопје–Барселона–Скопје (Austrian Airlines/Lufthansa)
Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром
Панорамски разглед на градот со локален водич
Аеродромски такси, рачен багаж 8 кг по лице.
3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Барселона
Пратител на групата од Скопје
Oрганизација на патувањето

Во цената не е вклучено:
Патничко здравствено осигурување
Дополнителни оброци и пијалоци
Туристичка такса ( 5 € по лице на ден )
Факултативни посети, излети и влезници
Чекиран багаж – со доплата – околу 60 € по лице

 

Цените се по лице

Излет 1: Парк Гуел, Саграда Фамилија, Побле Еспањол
Целодневна тура Барселона: превоз и водич на српски јазик, со влезница во Park Guell – 90 € Влезница за Саграда Фамилија 30 €
Влезница за Побле Еспањол со вклучен ручек 35 €
Влезница за Побле Еспањол 20 €

Излет 2: Гирона, Фигуерес, Музеј на Салвадор Дали
Целодневно Жирона и Фигуерес со превоз и водич на српски јазик, со влезница во музејот на Салвадор Дали – 100 €
( без влезница во музејот цената на овој факултативен излет изнесува 85 € )
Гастрономска тура ( со неограничен пијалок ) + фламенко шоу  85 €
Фламенко шоу + пијалок – 55 € по лице

 

Минимален број на патници за реализација на аранжманот 20.
За резервации потребен е аванс од минимум 30% од вкупнот износ на аранжманот.
Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
Програмата, редоследот и цените на разгледите и факултативните посети можат да претрпат промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената како и цените на факултативните излети.
Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

 

 

Барцелона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.
Барцелона е град на најразвиената шпанска провинција Каталонија и во сè го опишува културното и историското богатство на овој регион. Во целиот свет е познат по својата уникатна архитектура, чиј творец беше еден од најголемите современи архитекти, Антонио Гауди. Барселона е модерен град со широки булевари, пространи плоштади, трговски центри, прекрасни споменици, прекрасна плажа, огромно пристаниште и многу шарени населби….

 

Барцелона, ШПАНИЈА
среда, март, 6, 2024
4 dena 3 noki
20
€555.00
€495.00

МАРТ 2024

АВИОН
06 - 09.03.2024

€555.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица