Програма
БАСКИЈА / БИЛБАО – ГЕРНИКА – ВИТОРИА ГАСТЕИЗ – ПАМПЛОНА – САН СЕБАСТИЈАН
24. Мај (Среда) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – БИЛБАО |
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:10 часот. Полетување за Билбао во 14:05 и пристигнување во 17:25 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Попладневна/ вечерна пешачка прошетка во градот кој е успешен спој на богатото индустриско и културно наследство, еден од најинтересните градови на северна Шпанија. Ноќевање. |
25. Мај (Четврток) БИЛБАО – ГЕРНИКА – БИЛБАО (околу 70 км) |
Појадок. Разглед на стариот дел на градот, Мостот Сан Антон и Црквата Св. Антон, стариот кварт на брегот на реката Нервион составен од 7 улици, необарокната зграда на Театарот Ариага изградена по примерот на Операта во Париз, Новиот плоштад, Палатата Арана – најстарата Палата во Билбао, железничката станица Ла Конкордија, зградата на Градското Собрание – една од најубавите во Шпанија, Мостот Салве на познатиот валенсијански архитект Калатрава, величествениот Музеј Гугенхајм. Зградата на музејот, отворен во 1997 година и дизајниран од архитектот Френк Гери, имресионира со својата архитектура. Ова ремек дело ја содржи најбогатата збирка на современата уметност. Во попладневните часови, можност за посета на светски популарното место Герника, откако Пабло Пикасо го насликал бомбардирањето од Втората Светска војна на своето платно. Сликата како најпознто дело на сликарот се наоѓа во познатиот Музеј Реина Софиа во Мадрид. Ноќевање. |
26. Мај (Петок) БИЛБАО – ВИТОРИА ГАСТЕИЗ – ПАМПЛОНА (околу 200 км) |
Појадок. Патувањето продолжува кон Виториа Гастиез, административниот центар на Баскија. Возење по живописните предели до градот со најмногу зеленило во Шпанија, по што е прогласен за Европска Престолнина со зеленило за 2012 година, а и град со најдобро зачувана средновековна архитектура во Баскија. Исклучително е интересен стариот град опкружен со средновековни ѕидини, Плоштадот Шпанија, тука се и бисерите на баскијската ренесансна архитектура Палатата Бендања, Палатата на седиштето на автономната влада и готската Катедрала. Патувањето продолжува за Памплона во попладневните часови. Сместување во хотелот. Памплона е позната по трката со бикови, фестивалот Сан Фермин, кој се одржува секоја година на 06 Јули и кој послужил како инспирација на славниот Хемингвеј за романот Сонцето повторно изгрева. Главните бисери на градот се Градската тврдина, која имала пентагонален облик, Плоштадот Кастиљо, Корида, Палатата Навара – седиштето на Владата, Катедралата Св. Марија во која се крунисани Кралевите на Навара… Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање. |
27. Мај (Сабота) ПАМПЛОНА – САН СЕБАСТИЈАН (околу 80 км) |
Појадок. Патувањето продолжува кон Сан Себастијан, по зелените предели до брегот на Кантабријското Море. Сан Себастијан, европската престолнина на културата за 2016 година, е познато монденско летувалиште на европската аристократија, седиште на филмскиот фестивал Златна школка и светска дестинација за гурманите. Со убавината на природната положба, градот може да се спореди само со еден град на светот – со Рио де Жанеиро. Сместување во хотелот. Прошетка низ градот, лоциран помеѓу реката и заливот, град кој со своите златни, песочни плажи се спушта кон заливот Ла Конча, ограничен со ридовите – Монте Ихелдо и Монте Ургул. Можност за уживање во погледот од ридот Игелдо кон заливот Школка, островот Санта Клара, Палатата Мирамар, театарот Викторија Еугенија, Мостот Санта Каталина, квартот Корос, новиот културен и конгресен центар Курсал – модерна зграда од стакло на плажата Суриола. Слободно време за вкусување на најдобриот тапас со баскиско вино. Ноќевање. |
28.Мај (Недела) САН СЕБАСТИЈАН – СЕН ЖАН ДЕ ЛУЗ – БИЈАРИЦ – САН СЕБАСТИЈАН (околу 100 км) |
Појадок. Препорачување факултативен излет до Бијариц. По влегувањето во француската Баскија, прошетка во познатото летувалиште Сен Жан де Луз, кое се наоѓа на брегот на Атлантикот. Во овој, некогаш рибарски град, со својот шармантен центар на стариот град и најубавата баскиска Црква посветена на Св. Јован Крстител, се одржала свадбата на Кралот на Сонцето, Луј XIV со шпанската Инфанта Марија-Тереза. Бројните летниковци и вили биле изградени со вешт спој на стилови кои ја откриваат радоста на живеењето, толку карактеристична за јужна Франција. Местото е познато и по старата фабрика за чоколади на семејството Адам, од 1660 година, каде почнале да се произведуваат макарони (колачи од бадем). Оваа продавница и денес постои на главниот плоштад каде се чува оригиналниот рецепт за колачите. Возењето продолжува покрај брегот на Баскијскиот залив до Бијариц, ексклузивното и најубавото летувалиште на францускиот атлантски брег, симбол на богатството, од почетокот на 20 Век. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање |
29. Мај (Понеделник) САН СЕБАСТИЈАН – БИЛБАО – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ |
Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Билбао (околу 100 км). Полетување за Истанбул во 12:20 ч. Пристигнување во Истанбул во 17:20 и полетување за Скопје во 19:00. Слетување во Скопје во 19:25 ч. |
Цена по лице: 959 € (59.500 денари)
Во цената на аранжманот Е вклучено:
Авионски превоз Скопје–Истанбул-Билбао–Истанбул–Скопје
Аеродромски такси
Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
Пет ноќевања со појадок во Хотели 3/4*
2 во Билбао,
1 во Памплона
2 во Сан Себастијан
Разгледи и прошетки во градовите според програмата
Професионална организација на аранжманот
Придружник на патувањето
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Факултативен излет до Сен Жан де Луз и Бијариц
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба
Напомени:
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
Баскија
Овој прекрасен регион ретко се наоѓа на туристичкиот радар, а има живописни пејсажи и најдобрите ресторани во светот. Ве носиме во Баскија!
Гордо сместена на крајниот север на Шпанија, на брегот на Атлантскиот Океан и во близина на границата со Франција, легендарната Баскија, локално позната како Euskadi или País Vasco („земјата на баскиските говорници“), има свој јазик, свои кулинарски традиции и карактеристична географска и културна приказна.
Иако неколку милиони туристи патуваат во Шпанија секое лето, главно до нејзиното медитеранско крајбрежје, овој прекрасен регион можеби не е на сечиј радар, но дефинитивно треба да биде. Во програмата истакнавме неколку причини зошто треба да ја посетите Баскија, земја со прекрасна природа, долги плажи, планински врвови, одлични ресторани и прекрасни градови.
Се чувствува шармот на Екселенцијата…
Важни услови
* За реализација на аранжманот потребен е минимален број 20 платежни патници.
* Личните податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијатa
* По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
* Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
* Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е …… (во зависност од факултативата).
* Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување
* Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
* Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд
* Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непредвидени трошоци.
* Седиштата во авионот/автобусот се определуваат автоматски во систем според датумот и редоследот на уплата.
* Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.
* Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
* Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
* Поради државни или верски празници или реновирање на одредена дестинација и локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
* Се предупредуваат патниците поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
* Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата во држава во која се патува транзит или каде се реализира аранжманот, и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите низ кои се поминува (транзит) при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
* Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
* Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ го сноси патникот.
* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената
* За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност а со важност се и се применуваат
Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )