TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Белград и Нови Сад

БЕЛГРАД-НОВИ САД-ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА-СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ-ФРУШКА ГОРА
2 ноќевања со појадок+превоз

22.10.2021 – Сабота

Планирано време за поаѓање према Белград 01:30 часот од Битола, попатно организирани се поаѓања од повеќе градови од Македонија(Прилеп,Велес,Скопје и Куманово). Патот води преку граничен премин Табанвце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Пристигнување во Белград околу 11 часот, сместување во хотел и кратка пауза за одмор. Во договорено време со локалниот водич се упатуваме кон центарот на Белград, посета на храмот св.Сава, пешачка тура низ Калемегдан – Калемегданската тврдина, плоштадот Никола Пашиќ, хотел Москва, Булевар Револуција, Собранието, како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова. По разгледите имаме слободно време за индивидуални активности, кафе, ручек, шопинг.. Доколку има интерес од групата можеме да одиме заедно на вечера во ресторан на Скадарлија. Патниците кои не доаѓаат во ресторан организиран е превоз за враќање до хотел. Со останатите патници со кои ќе бидеме на Скадарлија заедно се враќаме со автобус до хотел. Ноќевање.

23.10.2021 – Сабота

Појадок. Планирано поаѓање во 09 часот кон факултативен целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во ФРУШКА ГОРА еден од петте национални паркови во Р.Србија со 16 православни манастири каде се прави посета на манастирот Крушедол. По разгледите продолжуваме во Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн..
Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина од кои едно од нив било на менито на Титаник. Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек.
Во договорено време се враќаме за Белград. Ноќевање.

24.10.2021 – Недела

Појадок. Одјавување од хотелот околу 08:30 часот. Посета на тровски центар Ушче, слободно време за шопинг, кафе и сл. Со патниците кои доаѓаат на факултативно крстарење по Дунав и Сава ќе имаме сат и половина и потоа се враќаме во Ушче за собирање на целата група. Околу 14 часот планирано време за поаѓање према Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 89

Во цената е вклучено :
Превоз на наведената релација со туристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
Организација и водство на патувањето
Лиценциран пратител на групата
Разглед на Белград со локален водич

Во цената не е вклучено:
Факултативен целодневен излет-Крушедол (Фрушка гора) + Сремски Карловци + Петроварадинска тврдина + Нови Сад – Пакет цена  30
Факултативно крстарење Дунав и Сава 20
Туристичка такса 120 денари или 2 се плаќа во автобус
Вечера во ресторан на Скадарлија – 20 (предјадење, главно јадење, десерт)

Важно
-За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
-За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест.
-Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
-Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
-Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

Важна напомена: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување е потребен брз тест, доказ за прлеежан вирус или целосна вакцинација. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 5 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
Напомени за распоред на седење во автобус:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)