TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Белград-Нови Сад

 

    БЕЛГРАД-НОВИ САД 1 ви Мај
(29.04-01.05.2023)

1 ден 29.04.2023 (Сабота)  Битола Скопје Белград
Поаѓање во 00.15 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Белград во утринските часови, разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат  Воениот музеј, Споменикот на победникот. Сместување во хотел. Одмор. Попладне околу 17;30 ч заминување за факултативно крстарење со брод по Дунав и Сава во траење од 90 минути: Земун, Гардош, Лидо (капалиштето), Земунската Марина, сплавовите зад Хотел Југославија, Воениот остров, делтата на Сава и Дунав, 25 мај, кулата Небојша, Калемегдан, Марина Дорџол, мостовите Пупин, Панчевачки, Бранков, Железнички, Газела, Ада, пристаништето во Белград, сплавовите на Сава… Во договор со групата можност за факултативна вечера во ресторан или слободно време. Во договорено време враќање во хотелот. Ноќевање.

2 ден 30.04.2023 (Недела) Белград Нови Сад
Појадок. Планирано поаѓање во 09:00 часот кон факултативен целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн.. Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на  дегустација на две вина од кои едно од нив било на менито на Титаник (Бермет). Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек.
Во договорено време се враќаме за Белград. Ноќевање.

3 ден 01.05.2023(Понеделник) Белргад Скопје Битола
После појадокот слободно време за посета на новиот комплекс “Београд на вода” каде можи да се посети и трговскиот шопинг центар Галерија. Попладнето поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.  

Цена на аранжманот: 139 €
(8.620 денари
)
цената е за 1 лице во двокреветна соба

Во цената Е вклучено :
Превоз со автобус на наведената релација
2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
Лиценциран пратител на групата
Организација и реализација на аранжманот
Разглед на Белград со локален водич

Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување – задолжително
Туристича такса во Белград (3,5 € по лице, се плаќа на рецепција)
Доплата за еднокреветна соба (30 евра)
Сремски Карловци + Петроварадинска тврдина + Нови Сад 20 € (со локален водич)
Факултативно крстарење по Дунав и Сава 15 €
Вечера во ресторан на Скадарлија со жива музика 25 € (предјадење, главно јадење, десерт)

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

ВЕ МОЛИМЕ внимателно да ги прочитате овие ИНФОРМАЦИИ и УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕТО
Личните податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијатa.
По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Пасошот треба да важи минимум 3-6 месеци по завршувањето на патувањето.
(зависно во која држава се патува)
Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
За реализација на патувањето-аранжманот потребен е минимум од 40 платежни патници. Доколку има недоволен број пријавени платежни патници, агенцијата има право да ја зголеми цената на истиот или да го откаже патувањето, а за тоа да ги извести пријавените патници најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување. Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 30 (во зависност од факултативата).
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
Напомени за распоред на седење во автобус:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд
Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 € по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот и до таа дата резервираните седишта)
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со Општите услови за патување.
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници, реновирање, сервисирање на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Патниците кои имаат за цел да посетат (непредвидени во програмата) одредени локалитети, музеи, знаменитости, институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
Сите патници државјани на Република С. Македонија и имаат валидни биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ,  Турција или друга земја за која е наменета понудата-аранжманот.
Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
Туристичката агенција НЕ Е  надлежна да ја цени исправноста на патните и други документи на патникот.
Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција.
Туристичката агенцијата НЕМА одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на својата земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ го сноси патникот.
Должината на слободното време за индивидуални активности зависи од објективните околности.
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност.
Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
Туристичката агенција Турист може да е организатор но и посредник за патување.
Со оваа програма важат и се применуваат Општи услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )