TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Белград

БЕЛГРАД-НОВИ САД-ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА-СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

1 ден 21.10.2023
Планирано време за поаѓање према Белград во раните утрински часови околу 01:00 часот од Битола, патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови, со локалниот водич се упатуваме кон разглед на Белград (автобус+пешачка тура), Белградската тврдина како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова или ручек на Скадарлија доколку има интерес од групата. Во договорено време собир со групата и упатување према хотел, сместување. Ноќевање.

2 ден 22.10.2023
Појадок. Планирано поаѓање во 09 часот кон факултативен целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн.. Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина од кои едно од нив било на менито на Титаник(Бермет). Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек. Во договорено време се враќаме за Белград. Ноќевање.

3 ден 23.10.2023
ПојадокОдјавување од хотелот околу 08:30 часот. Факултативна посета на Земун, градска населба во сотавот на Белград на десната обала на Дунав. Земун настанал на местото каде се наоѓа кулата Гардош околу 4500 година пне. Гардош претставува импозантна градба од која се отвора прекрасен поглед према Дунав и Белград. Во Земун се наоѓа и најстарата православна црква во Белград, Св.Никола, земунскиот кеј со многубројни кафетерии, ресторани, познато е местото по боемскиот и уметничкиот дух…По прошетките се упатуваме према факултативно крстарење на Дунав и Сава околу сат и половина. На крај од програмата се упатуваме према трговски центар Ушче, слободно време за индивидуални прошетки во трговскиот, време за ручек, кафе или шопинг… Околу 15 часот планирано време за поаѓање према Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 139 €
Промо цена: 119 € до 20.09.2023
Доплата за еднокреветна соба + 40 € по лице
Деца до 12 години со двајца возрасни во соба плаќаат 60 €

 

Во цената е вклучено :
Превоз на наведената релација Битола, Прилеп, Росоман, Велес, Скопје, Куманово
2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
Организација и водство на патувањето со лиценциран пратител на групата
Дегустација на вино во Сремски Карловци (за патниците кои доаѓаат на факултатива)
Разглед на Белград со локален водич

Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување (информации во агенција)
Сремски Карловци (со вклучена дегустација) + Петроварадинската тврдина + Нови Сад 25 € (со локален водич)
Факултативно крестарење по Дунав и Сава 15 €
Земун со Куќата Гардош 10 € (со локален водич)
Туристичка такса 1.5 по лице по ден

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош

Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.

Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

Напомени за распоред на седење во автобус:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )