Програма
1 ден 30.12.2022 (Петок)
Состанок со групата на старата автобуска во Прилеп во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 31.12.2022 (Сабота)
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич:плоштадот Теразије, Славија,храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 01.01.2023 (Недела)
Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад- центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот , катедралата , Петроварадинската тврдина. Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за постновогодишни прошетки или забави. Враќање во хотел индивидиално. Ноќевање.
4 ден 02.01.2023 (Понеделник)
Појадок. Одјавување од хотел. По појадок посета на трговски шопинг центар Ушче или слободно време во центарот на Белград за индивидуални активности.. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена: 129 еур / 7.998,00 мкд
Организиран превоз од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово
Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз со туристички автобус на дадената релација
Организација и водство на патувањето
ГРАТИС – Разглед на Белград со локален водич
2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
Посета на трговскиот центар Ушче
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Патничко осигурување 150 мкд
Туристичка такса за хотелот 200 мкд (се плаќа во агенција)
Факултативен излет до Нови Сад 750 денари- пријавување во агенција, плаќање во автобус.
Влезници во културно/историски споменици
Услови
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Туристичка Агенција Турист е посредник во аранжманот.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни се минимум 25 патници.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност и се
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )