Програма
31.12.2021
Планирано време за поаѓање према Белград 01:30 часот од Битола, попатно организирани се поаѓања од повеќе градови од Македонија(Прилеп,Велес,Скопје и Куманово). Патот води преку граничен премин Табанвце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Пристигнување во Белград околу 11 часот, сместување во хотел или хостел и кратка пауза за одмор. Во договорено време со локалниот водич се упатуваме кон центарот на Белград, посета на храмот св.Сава, пешачка тура низ Калемегдан – Калемегданската тврдина, плоштадот Никола Пашиќ, хотел Москва, Булевар Револуција, Собранието, како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова. По разгледите имаме слободно време за индивидуални активности, кафе, ручек, шопинг.. Доколку има интерес од групата можеме да одиме заедно на вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.
01.01.2022
Појадок. Планирано факултативен целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во Сремски Карловци, местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина од кои едно од нив било на менито на Титаник. Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек. Во договорено време се враќаме за Белград. Ноќевање.
02.01.2022
Појадок. Одјавување од хотелот околу 09:30 часот. Со патниците кои доаѓаат на факултативно крстарење по Дунав и Сава ќе имаме сат и половина и потоа собирање на целата група. Во договорено време со водичот поаѓање према Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
Цени по лице
сместување | услуга | цена |
Хотел-двокреветна соба | Ноќевање со појадок | 109€ |
Хотел-трикреветна соба | Ноќевање со појадок | 99€ |
Хостел-четирикреветна соба | Ноќевање | 65€ |
Хостел-петкреветна соба | Ноќевање | 55€ |
Хостел-шесткреветна соба | Ноќевање | 49€ |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Во цената Е вклучено :
Превоз на наведената релација со туристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
Организација и водство на патувањето
Лиценциран пратител на групата
Разглед на Белград со локален водич
Во цената НЕ Е вклучено:
Факултативен целодневен излет со локален водич :
Сремски Карловци+Петроварадинска тврдина+Нови Сад – цена 30€
Факултативно крстарење Дунав и Сава
Туристичка такса 2 € се плаќа во автобус
Вечера во ресторан на Скадарлија
Услови
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест.
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Туристичка Агенција Турист е посредник во аранжманот.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност и се Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )