TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Christmas market-Будимпешта&Виена🚌

1 ДЕН (07.12.2022 – среда) : БИТОЛА
Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 15.00 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (08.12.2022 – четврток) : БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во  утринските часови…разглед на градот со стручен водич…Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата, мостовите на Дунав, базиликата Св.Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите…сместување во хотел. Во вечерните часови – заминување на „Ваци“ улицата и посета на Божиќниот базар кој се наоѓа на Ворошмарти плоштадот…можност за шопинг, уживање  во домашно греано вино, домашни специјалитети, или посета на најстарата слаткарница во Централна Европа – GERBEAUD, која се наоѓа на самиот плоштад…сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта (факултативно) – крстарење со брод по Дунав…Ноќевање.

3 ДЕН (09.12.2022 – петок) : БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Виена…панорамски разглед на градот – Парламентот, Рингштрасе, Операта, Универзитетот, Катедралата на Св.Стефан, палатата Белведере, Хундертвасер, плоштадот на Марија Терезија Хофбург…посета на велелепниот замок Шенбрун, каде и се наоѓа Божикниот базар во Виена…слободно време. Враќање во Будимпешта во вечерните часови. Ноќевање.

4 ДЕН (10.12.2022 – сабота) : БУДИМПЕШТА
Појадок. По појадокот –  одјавување од хотелот – слободно време или посета на најголемиот трговски центар во Будимпешта – АРЕНА ПЛАЗА. Состанок на групата на претходно закажаното место. Планирано поаѓање за Македонија околу 14.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

5 ДЕН (11.12.2022 – недела) : БИТОЛА
Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :

ХОТЕЛ ЦЕНА
Хотел со 3* 8.990,00 (145 €)
Хотел со 4* 9.590,00 (155 €)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
Автобуски ЛИЦЕНЦИРАН превоз на горенаведената релација;
Разглед на Будимпешта со стручен водич;
2 НП во Будимпешта во хотел со 3* или 4* (по Ваш избор);
Организација, водство и реализација на аранжманот;

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
Факултативните излети и посети; влезниците при посета на културно-историските споменици;
Патничкото осигурување (150,00 ден. – по лице).

Крстарење со Брод – 20 € по лице (минимум 30 патници).
Посета и разглед на Виена со стручен водич 50 € по лице (минимум 30 патници).

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.

Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 30 лица (во зависност од факултативата).
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист