TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Будимпешта-Виена

1.ДЕН : (05.03.2024 – вторник) БИТОЛА
Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 15.00 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.30 часот.
Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

БУДИМПЕШТА успеа да ја зачува својата историска атмосфера и посебната еклектична слика на градот, а во меѓувреме редовно се отвораат нови места и во него постојано врие живот. Со прошетката низ улиците, пред се – ќе Ве собори од нозе, вековното наследство на градот. Ве очекуваат бројни скриени историски богатства, тајни и интересни заплети од минатото. Унгарскиот главен град станува сè попопуларен меѓу туристите – уште повеќе, Будимпешта стана толку популарна туристичка дестинација што во 2019 година ја освои престижната награда за најдобра европска дестинација, што не е случајно, бидејќи овој град ветува многу прекрасни атракции…

2.ДЕН : (06.03.2024 – среда) БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови…разглед на градот со стручен водич…Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата која се наоѓа на брдото Гелерт – култно место од каде панорамата е неопислива…од таму се гледа Будимската тврдина, Парламентот, мостовите на Дунав, Пештанска страна, како и брдата на Буда…базиликата Св.Стефан, Lanc Hid (мостот на лавовите – првиот мост со кој бил премостен Дунав), Парламентот – ремек делото на Имре Штајндл во неоготички стил – најголема зграда во државата, Операта (правена по примерот на оваа во Виена), како и Плоштадот на Хероите – еден од симболите на Будимпешта, изграден 1896.година за цереминијата по повод 1000.години Унгарска држава…овде стојат 14 бронзани статуи на Унгарски великани и статуата на Архангелот Габриел, која ја освои Големата награда на светскиот саем во Париз 1900.година…сместување во хотел. Во вечерните часови – заминување на „Ваци“ – единствена амбиентална улица од таков вид во Европа…препорачуваме посета на најстарата слаткарница во Централна Европа – GERBEAUD, која се наоѓа на плоштад Ворошмарти…следува (факултативно) крстарење со брод по Дунав со кое ќе ја комплетирате оваа магична ноќ…Ноќевање.

Главниот град на Австрија – ВИЕНА нуди спој на царски традиции, музика и симпатичен шарм. Град кој инспирира со старото и новото и секогаш има пријатно место во кафуле или винска таверна. Историјата на Виена датира од првиот постхристијански век, кога Римјаните го основале воениот камп Виндобона. Денешниот градски пејзаж се карактеризира со изобилство на барокни градби создадени главно под владеењето на царицата Марија Терезија (1740 – 1780) и Франц Џозеф (1848 – 1916), кој во голема мера бил одговорен за монументалната архитектура во центарот на градот.

3.ДЕН : (07.03.2024 – четврток) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА – ПАРНДОРФ
Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Виена…панорамски разглед на градот – Панорамски разглед на градот во стручен водич…обиколка на летната резиденција на Хабзбурговците – замокот Шенбрун, палатата Белведере, комплексот Хундертвасер, Рингштрасе, Ратхаус (резиденцијата на градоначалникот на Виена), црквата Вотив, Опера, Универзитетот, Парламентот, споменикот на Марија Терезија – каде завршува панорамскиот разглед, а започнува пешачката тура низ замокот Хофбург (зимската резиденција на Хабзбурговците), па преку улицата Грабен стигнуваме до велелепната катедрала Свети Стефан, каде и завршува разгледот на овој прекрасен царски град…слободно време за индивидуален разглед на градот или едноставно – уживање во Виенско кафе и парче торта Захер…Враќање во Будимпешта во вечерните часови, со попатна посета на PARNDORF OUTLET CENTER. Ноќевање.

4.ДЕН : (08.03.2024 – петок) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕЈА – ВИШЕГРАД – ЕСТЕРГОМ
Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед…со оние патници кои сакаат да дознаат малку повеќе за средновековна Унгарија, а верувајте – има многу што, заминуваме на факултативен полудневен излет на север…прва наша дестинација е ЕСТЕРГОМ, градот кој бил главен град и кралска резиденција на раните принцови и последователни унгарски кралеви од фамилијата АРПАД до средината на 13.век. Стефан I е роден во градот и крунисан таму во 1000.година…посета на големата градска Катедрала (изградена 1822–1860), по примерот на Свети Петар во Рим, гледа на Дунав и е најголемата црква во Унгарија, а надворешната висина на куполата е 348 стапки (106 метри). Се наоѓа на местото на оригиналната катедрала Свети Стефан (1010.година), додека ризницата на катедралата има богата колекција на средновековни златарски дела и текстилна колекција. Тврдината на Естергом, последен пат обновена во 18 век, сè уште е главно недопрена на врвот на ридот Вархеги…музејот на замокот има мошти од кралската палата од 10 до 12 век, главен период на градба на истата. Патувањето продолжува кон ВИШЕГРАД…градот првпат се споменува во 1009.година како утврден град и главен град на архиѓаконството. По деструктивната монголска инвазија на Европа во 1242 година, градот бил повторно изграден на малку поинаква локација на југ. Унгарскиот крал Карло I го именувал Вишеград за кралско седиште на Унгарија во 1325 година. Во 1335 година, Карло бил домаќин во Вишеград на двомесечен конгрес со боемскиот (Чешкиот) крал, Јован Луксембург, и полскиот крал, Казимир III. Тоа беше клучно за создавање мир меѓу трите кралства и обезбедување сојуз меѓу Полска и Унгарија против Хабсбуршката Австрија. Слободно време. Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Вечерта – посета на „Чарда“ со комплетно мени и програма (факултативно). Ноќевање.

5.ДЕН : (09.03.2024 – сабота) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕЈА – МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за СЕНТ АНДРЕЈА (СЕНТЕНДРЕ), едно мало етно-село, врамено во живописен, прекрасен природен амбиент со кривулестата река (Дунав), блиските ридови и планини. Природниот преглед на историскиот град е величествено и уникатно надополнет со човечки креации… кривулести и тесни улици со калдрма, тесни улички, мали куќички во центарот на градот потпрени една на друга и фино обрабени барокни патеки. Уникатниот медитерански градски пејзаж на Сентендре потекнува од српските, македонските, далматинските и грчките доселеници кои биле под водство на патријархот Арсеније Чернојевиќ III во 1690 година, по ослободувањето на Унгарија од Турците…слободно време за уживање во бројните ресторани, снек-барови и слаткарници (местото е исто така познато по изработката на разни креации од марципан). Состанок на групата на претходно закажаното место. Планирано поаѓање за Македонија околу 15.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Битола во утринските часови – наредниот ден.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 11.720,00 денари (189 €)
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
Автобуски превоз (клима, ЦД, ДВД, разглас…) на горенаведената релација;
Разглед на Будимпешта со стручен водич;
3 ноќевања со појадок во Будимпешта во хотел со 3*/ 4*;
Посета на Сент Андреа;
Посета на ТЦ ПАРНДОРФ;
ТРАНСФЕР на патници без надокнада од Струга, Охрид, Ресен, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово…
Организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
Патничко осигурување
Факултативните излети и посети,
Влезниците при посета на културно-историските споменици,

ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – БУДИМПЕШТА :
Разглед на Будимпешта со стручен водич 10€ (задолжителна уплата со резервацијата);
Крстарење со Брод по Дунав  20€ по лице;
Полудневен излет до Естергом и Вишеград  30 € по лице;
Посета на „Чарда“ со комплетно мени и програма  € по лице;

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – ВИЕНА :
Посета и разглед на Виена со стручен водич 35€ по лице;
За реализација на факултативата потребен е минимум од 30 пријавени патници.

 

 

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

 

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи..

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

Будимпешта, УНГАРИЈА
вторник, март, 5, 2024
5 dena 3 noki
35
€189.00

МАРТ 2024

АВТОБУС
05-10.03.2024

€189.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица