Програма
1.ден : (08.03.2023 – четврток) БИТОЛА
Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 15.00 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори. Будимпешта успеа да ја зачува својата историска атмосфера и посебната еклектична слика на градот, а во меѓувреме редовно се отвораат нови места и во него постојано врие живот. Со прошетката низ улиците, пред се – ќе Ве собори од нозе, вековното наследство на градот. Ве очекуваат бројни скриени историски богатства, тајни и интересни заплети од минатото. Унгарскиот главен град станува сè попопуларен меѓу туристите – уште повеќе, Будимпешта стана толку популарна туристичка дестинација што во 2019 година ја освои престижната награда за најдобра европска дестинација, што не е случајно, бидејќи овој град ветува многу прекрасни атракции…
2.ден : (09.03.2023 – петок) БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови…разглед на градот со стручен водич…Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата која се наоѓа на брдото Гелерт – култно место од каде панорамата е неопислива…од таму се гледа Будимската тврдина, Парламентот, мостовите на Дунав, Пештанска страна, како и брдата на Буда…базиликата Св.Стефан, Lanc Hid (мостот на лавовите – првиот мост со кој бил премостен Дунав), Парламентот – ремек делото на Имре Штајндл во неоготички стил – најголема зграда во државата, Операта (правена по примерот на оваа во Виена), како и Плоштадот на Хероите – еден од симболите на Будимпешта, изграден 1896.година за цереминијата по повод 1000.години Унгарска држава…овде стојат 14 бронзани статуи на Унгарски великани и статуата на Архангелот Габриел, која ја освои Големата награда на светскиот саем во Париз 1900.година…сместување во хотел. Во вечерните часови – заминување на „Ваци“ – единствена амбиентална улица од таков вид во Европа…препорачуваме посета на најстарата слаткарница во Централна Европа – GERBEAUD, која се наоѓа на плоштад Ворошмарти…факултативно крстарење со брод по Дунав, со кое ќе ја комплетирате оваа магична ноќ…Ноќевање. Главниот град на Австрија – ВИЕНА нуди спој на царски традиции, музика и симпатичен шарм. Град кој инспирира со старото и новото и секогаш има пријатно место во кафуле или винска таверна. Историјата на Виена датира од првиот постхристијански век, кога Римјаните го основале воениот камп Виндобона. Денешниот градски пејзаж се карактеризира со изобилство на барокни градби создадени главно под владеењето на царицата Марија Терезија (1740 – 1780) и Франц Џозеф (1848 – 1916), кој во голема мера бил одговорен за монументалната архитектура во центарот на градот.
3.ден : (10.03.2023 – сабота) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Виена…панорамски разглед на градот – Панорамски разглед на градот во стручен водич…обиколка на летната резиденција на Хабзбурговците – замокот Шенбрун, палатата Белведере, комплексот Хундертвасер, Рингштрасе, Ратхаус (резиденцијата на градоначалникот на Виена), црквата Вотив, Опера, Универзитетот, Парламентот, споменикот на Марија Терезија – каде завршува панорамскиот разглед, а започнува пешачката тура низ замокот Хофбург (зимската резиденција на Хабзбурговците), па преку улицата Грабен стигнуваме до велелепната катедрала Свети Стефан, каде и завршува разгледот на овој прекрасен царски град…слободно време за индивидуален разглед на градот или едноставно – уживање во Виенско кафе и парче торта Захер… Враќање во Будимпешта во раните вечерни часови. Посета на „Чарда“ со комплетно мени и програма (факултативно). Ноќевање.
4.ден : (11.03.2023 – недела) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕЈА – МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот – слободно време за индивидуален разглед на градот или посета на најголемиот трговски центар во Будимпешта – АРЕНА ПЛАЗА…околу пладне – (факултативно) заминуваме за СЕНТ АНДРЕЈА (СЕНТЕНДРЕ), едно мало етно-село, врамено во живописен, прекрасен природен амбиент со кривулестата река (Дунав), блиските ридови и планини. Природниот преглед на историскиот град е величествено и уникатно надополнет со човечки креации… кривулести и тесни улици со калдрма, тесни улички, мали куќички во центарот на градот потпрени една на друга и фино обрабени барокни патеки. Уникатниот медитерански градски пејзаж на Сентендре потекнува од српските, македонските, далматинските и грчките доселеници кои биле под водство на патријархот Арсеније Чернојевиќ III во 1690 година, по ослободувањето на Унгарија од Турците…слободно време за уживање во бројните ресторани, снек-барови и слаткарници (местото е исто така познато по изработката на разни креации од марципан). Состанок на групата на претходно закажаното место. Планирано поаѓање за Македонија околу 18.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
5.ден : (12.03.2023 – понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Битола во утринските часови – наредниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 7.380,00 денари (119 €)
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ :
Исклучиво во денарска противвредност НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
Превоз со лиценциран автобус (клима, ЦД, ДВД, разглас…) на горенаведената релација, Разглед на Будимпешта со стручен водич,
2 ноќевања со појадок во Будимпешта во хотел со 3*,
Трансфер на патници без надокнада од Струга, Охрид, Ресен, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово…организација, водство и реализација на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културноисториските споменици,
Патничкото осигурување (150,00 ден. – по лице);
Факултативи
Цените се по лице
Разглед на Будимпешта со стручен водич – 15 € (задолжителна уплата со резервација на аранжманот);
Крстарење со Брод по Дунав 20 €;
Посета на „Чарда“ со комплетно мени и програма 35 €;
Посета на Сент Андреја 10 €;
Посета и разглед на Виена со стручен водич 35 €
За реализација на факултативата потребен е минимум од 30 пријавени патници.
Услови, напомени
Упатства за време на патувањето и престојот во Р.Унгарија : – Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот. – ВАЖНО : Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот. – Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување. – ВАЖНО : Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ (Унгарија) или Србија. – Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во ЕУ, пасошот треба да важи минимум 3 месеци од денот на завршување на аранжманот, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на ЕУ. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија. – Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување. НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )