TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Будва

 

 

1 ден 07.03.2024  –
Состанок со групата во 23:30 од спортска сала Битола па поаѓање за Будва.  Планирани  поаѓања од Ресен, Охрид, Струга, сатници на поаѓање информација во Агенција. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 08.03.2024  –
Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према Будва. Пристигнување во Будваво утринските часови сместување во хотел 3*. Откако ќе се сместеме, во договорено време со водичот се упатуваме кон Стариот дел од градот па така патниците ќе се запознаат со градот и местото. Потоа следува слободно време за индивидуални прошетки покрај обала, кафенце, ручек и активности низ Будва. Вечерта факултативна забава во ресторан со жива музика. Ноќевање.

3 ден 09.03.2024  –
Појадок. По појадокот Факултативен целодневен излет до Котор, Пераст и Дубровник. Планирано поаѓање во 09 часот. Пристигнување во Котор и разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, кој благодарение на своите природни убавини и историско наследство е вклучен во листата на Светско културно наследство на УНЕСКО, со својата средновековна архитектура и култура привлекува голем број туристи од регионот и светот. Тврдината, улиците од средниот век, плоштадот, куќите, манастирите и црквите, како и географската локација, им нудат на посетителите уникатно искуство. Прошетки во стариот дел од градот и поаѓање према Пераст каде имаме организирано факултативно крстарење до Островот Госпа од Шкрпеља. Пераст иако навидум мало градче, може да се пофали со 16 цркви и 17 поранешни палати, сместен во подножјето на ридот Свети Илија во Которскиот залив е парче рај кое ја заслужува вашата посета. По крстарењето поаѓање према ДУБРОВНИК. Патувањето за Дубровник вклучува прекрасни глетки особено заливот Бока Короска и Рисанскиот Залив, пејсажи, културни и историски знаменитости. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. Слободно време низ Будва. Ноќевање.


4 ден  10.03.2024  –
Појадок и одјавување од хотелот. Планирано поаѓање во 09:30 часот. Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој бил погребан овде. Она што е интересно дека е изграден во карпа и е несекојдневно за манастир. По пристигнувањето по желба искачување до Манастирот пешки или трансфер со локален минибус и поклонување на моштите на Св.Василиј. Во договорено време поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот :  99 €
За сопствен превоз одбиваме -10 €

 

Во цената е вклучено :
Превоз на наведената релација со туристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будва
Организација и водство на патувањето
Пратител на групата за време на целото патување

Во цената не е вклучено:
Факултативен разглед Котор + Пераст + Дубровник  35 €
Kрстарење до Островчето Госпа од Шкрпеља  10 €
Tуристичка такса 1.5 € по ден по лице ( се плаќа во автобус)
Патничко осигурување – информации во агенција

 

  1. За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
  2. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  3. Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии (во зависност од факултативата).
  4. Aко некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
  5. Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
  6. Седиштата во автобусот/авионот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
  7. Пасошот треба да важи минимум 3 или 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  8. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  9. Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  10. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
  11. Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  12. За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
  13. Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист
  14. Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  15. Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  16. Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
  17. Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  18. Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
  19. Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
  20. Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
  21. Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  22. Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  23. Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
  24. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  25. Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
  26. Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
  27. Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
  28. Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  29. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ ја сноси патникот.
  30. Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  31. Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

Будва, ЦРНА ГОРА
четврток, март, 7, 2024
4 dena 2 noki
40
€99.00

МАРТ 2024

АВТОБУС
07 - 10.03.2024

€99.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица