TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

11 Октомври во Будва, Тиват, Котор и Острошки манастир

ноќевања со појадок + бус + трансфери

1 ден: 09.10.2020 Петок Поаѓање за Будва од Битола на паркингот Спортска сала во 20.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Р.Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: 10.10.2020 Сабота Пристигнување во Будва во утринските часови (кафе-пауза и фотографирање на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море), Разглед на градот: прошетка на стариот дел на градот во кои се наоѓаат најважните културно-историски споменици, цитадела, градските ѕидини, Музејот, Галеријата, спомен куќа на Стјепан Митров Љубиша, цркавата Св.Јован Крстител, цркавата Св.Иван цркавата Св. Сава, марината, полуосторвот Св. Стефан. Сместување во хотел 3*. Попладнето прошетка по стариот град и можност за шопинг.  Ноќевање1.

3 ден: 11.10.2020 Недела Појадок. Организирана екскурзија за Тиват и Котор со туристички водич: католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча, луксузниот комплекс “Порто Монтенегро”, Ботаничката градина и посета на прекрасниот стар град – Котор: катедралата св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, Поморскиот музеј, црквата Св.Никола…. Поаѓање за Будва во попладневните часови. Вечерта можност за свечена вечера со музика (факултативно 15 Еур)Ноќевање2.

4 ден: 12.10.2020 Понеделник Појадок. По појадокот заминување на излет до манастирот Острог-сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград (основан од митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век со можност да се поклоните на моштите на светецот). Слободно време за негово разгледување. После посетата на манастирот организиран ручек со специјалет јагнешко печење – факултативно. Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Битола во доцните вечерните часови.

ЦЕНА: 79 евра (4.898 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Превоз со туристички автобус на наведената релација

-Сместување во хотел со 3* во Будва  https://www.hoteltatjana.com/en-us

-Разглед на Будва и Острошки манастир

-Пратител за време на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Влезници за културно историските споменици

-Трансфери останати градови 10 Еур

-Организирана екскурзија за Тиват и Котор (10 Еур)

-Останати ненапоменати услуги

Манастирот во кој што почива Свети Василиј Острошки е место на кое што многу верници успеаа да го пронајдат и својот спас…

Манастирот Острог во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет.

Причината за тоа се бројните чуда кои што се случуваат во ова карпесто црквено здание. Од тие безбројни исцеленија мал број е запишан и објавен пред минатата светска војна. Манастирот Острог се смета дека претставува вистинско место за одмор на душата и пронаоѓање на Бога во себе си. Дури и самиот пат и пристапот до ова свето место претставува вистински предизвик.

Реки од верници го посетуваат манастирот во кој што доаѓаат пешки, а голем процент од посетителите се брачни парови кои што не можат да имаат деца. Но, не е мал и бројот на жените кои што после посетата на вечната куќа на прочуениот светец останале бремени, а сите до една веруваат дека токму свети Василиј ги благословил, па останале бремени.

Се верува и дека виновата лоза која што расте покрај карпите на прочуениот манастир е лековита, поточно дека нејзините плодови ја лечат неплодноста.Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог,каде се сместени две мали цркви:горна-посветена на Светиот Крст, и втората посветена на Воведение на Богородица.Сместување во Долен Манастир,кој поседува 29 повеќе креветни соби (8,10 кревети во соба)или можност за сместување во Горниот Манастир во повеќекреветни простории со кревети на спрат или во манастирскиот двор.Во манастирот се добиваат ќебиња и душек.
Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Пријавување е со уплата на 50 %,  останата сума се доплаќа најкасно 5 дена пред патувањето. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето. Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност. Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Турист.