TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Будва-Острог-Котор 🚌

Ден 1 – 03.03.2022 (Четврток)
Состанок на групата на Спортска сала – Битола во 17:30 часот со транфер се поаѓа према Скопје, состанок на Дрводекор во 20:30 часот, поаѓање во 21часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Острог со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден 2 – 04.03.2022 (Петок)
Посета на Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. Патувањето продолжува кон Будва. Сместување во студија во центарот на Будва. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

Ден 3 – 05.03.2022 (Сабота)
Појадок. Третиот ден е предвиден за факултативтна посета на градот Котор, Херцег Нови и Тиват. Најпрво се упатуваме кон Котор. Пристигнување и слободно време за индивидуален разглед на градот каде може да се видат Саат Кулата, Катедралата Св. Трифун, Православната Црква Св.Никола. По посетата на Котор се упатуваме кон Херцег Нови. Херцег Нови е градна брегот на Јадранско Море и во подножјето на планината Орјен. Херцег Нови е центар на Општина Херцег Нови и е најголем град со српско население на брегот на Јадранско Море. Градот бил познат и под името Castelnuovo. Поради важното стратегиско значење, во градот биле подигнати неколку тврдини. Прва во низата одбранбени линии била Цитаделата (позната и како Macel) чии остатоци денес лежат во непосредна близина на тврдината Forte Mare. Слободно индивидуално време за прошетка низ градот. Во договорено време се упатуваме кон Тиват. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Во Тиват се качуваме на брод – траект и го продолжуваме патувањето кон Будва. Враќање во Будва. Ноќевање.

Ден 4 – 06.03.2022 (Недела)
Појадок. Одјавување од вилата во договорено време и потоа слободно време до поаѓање. Во договорено време поаѓање за Скопје. Попатна кафе пауза и панорамски разглед на едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море – Свети Стефан. Пристигнување во Скопје околу полноќ.

Цена на аранжмано по лице:  69 €

Во цената Е вклучено:
2 ноќевања во Вила во центарот на Будва-ноќевање со појадок
Превоз со високотуристички автобус
Посета на манастирот Св.Василије Острошки
Лиценциран пратител во текот на целото патување
Организација и реализацијa на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено:
Факултативен излет до Котор, Херцег Нови и Тиват  20 €
Туристичка такса 1 € за посета на Манастирот Острог
Комбињата за превоз до манастирот се плаќаат дополнително на лице место

Организаторот има право да ја откаже турата во случај на недоволен број патници до 5 дена пред тргнување, за реализација на истата е потребено е да бидат пријавени 40 патници.
– Доплата за избор на седиште е 10€ по лице (освен првиот ред кој е резервиран за персоналот)
– Се патува со лична карта или пасош
– За влез во Црна Гора е потребен PCR тест, или доказ за вакцинација
– За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 25 патници
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

– За реализација на аранжманот потребен е минимален број 46 платежни патници.
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
– Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
– Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист