TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Christmas market-Виена🚌

1 ДЕН (07.12.’22 – среда) : БИТОЛА
Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во 12.00 часот. Поаѓање за Австрија во 12.30 часот…патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Будимпешта…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (08.12.’22 – четврток) : ВИЕНА
Пристигнување во Виена во утринските часови…разглед на градот кој блеска во пред Божиќно и пред Новогодишно руво, со стручен водич…Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом)…сместување во хотел во попладневните часови. Вечерта – по желба, прошетка низ центарот на Царскиот град…враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (09.12.’22 – петок) ВИЕНА
Појадок. По појадокот – факултативна посета на Шенбрун – еден од најубавите барокни дворци на светот, летната резиденција на Хабзбурговците…прошетајте низ просториите и прекрасните градини, почувствувајте ја атмосферата во која уживале Моцарт, Гете, Франц Јозеф, Марија Антоанета, Наполеон…слободно време за посета на Божиќниот маркет кој се наоѓа во дворот на замокот…следи посетата (факултативно) на Дунавската кула – висока 252 м. (терасата се наоѓа на 150 м. висина), од каде се пружа спектакуларен поглед на цел град, ракавците на Дунав, се до Словачка…слободно време за индивидуален разглед на градот… Божиќните тезги се насекаде околу Вас и се нестрпливи да ги посетите…враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

4 ДЕН (10.12.’22 – сабота) : ВИЕНА – БУДИМПЕШТА
Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и заминување за PARNDORF OUTLET CENTER – еден од најголемите шопинг центри во Централна Европа…патувањето продолжува за Македонија, со попатна посета на Будимпешта…панорамски разглед на градот…Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата, мостовите на Дунав, базиликата Св.Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите…можност за факултативно крстарење со брод по Дунав…патувањето продолжува преку Белград, Ниш…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори…

5 ДЕН (11.12.’22 – недела) БИТОЛА
Пристигнување во Битола во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 11.490,00 ден. (185 €)

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
Автобуски превоз на горенаведената релација; разглед на Виена со стручен водич; 2 НП во хотел со 3* (околина на Виена);

ТРАНСФЕР на патници БЕЗ НАДОКНАДА од Струга, Охрид, Ресен, Кичево, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово; организација, водство и реализација на аранжманот;

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
Факултативните излети и посети; влезниците при посета на културно-историските споменици; Патничкото осигурување (170,00 ден. – по лице);


Виена:
 Замокот Шенбрун 35 € по лице (трансфер+влезница+водич);
Дунавската кула  20 € по лице (трансфер+влезница+водич);
Будимпешта: крстарењето со брод по Дунав  20 € по лице.

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ПОСЕТИ :

–          Палатата Шенбрун

На крајот на седумнаесеттиот век, императорот Леополд I му наложил на барокниот архитект Јохан Бернхард Фишер фон Ерлах, кој се школувал во Рим, да дизајнира империјална ловечка куќа за неговиот син, престолонаследникот Јосиф, подоцна да стане император Јосиф I. Замокот е изграден на ова место за царицата Елеонора од Гонзага во 1642 година, прерасна во дворец империјална резиденција во текот на осумнаесеттиот век. Незавршената палата потоа станала резиденција на Вилхелмина Амали. Во 1728 година императорот Чарлс VI го стекнал Шенбрун, но го користел имотот само за отстрел на фазани. На крајот и го подарил на својата ќерка Марија Тереза, за која е документирано дека отсекогаш имала посебна наклонетост кон палатата и нејзините градини. Владеењето на Марија Тереза ​​го означи отворањето на брилијантната епоха во историјата на Шенбрун, при што палатата стана центар на судскиот и политичкиот живот. Под нејзино лично влијание и надзор на архитектот Николаус Пакаси, големата ловечка куќа на Јосиф I била повторно изградена и проширена во дворец – летна резиденција…

–          Дунавска Кула

Шеесетите години од минатиот век беа општествено револуционерни, иновативни и експериментални во архитектурата, уметноста и културата. Економското чудо, подемот и новите технологии го направија верувањето во иднината речиси неограничено наивно. Дунавската кула е изградена во 1964 година како врвен и горд симбол на Виенската меѓународна градинарска изложба (WIG). WIG ја трансформираше запуштената област на брегот на Дунав во пространа и атрактивна рекреативна област – Дунав парк, кој храбро беше надграден од новата конструкција на кулата. Од самиот почеток, Дунавската кула беше централно место и централна точка на ориентација на посетителите на WIG и во исто време нудеше спектакуларен поглед и нова перспектива на градот Виена. Во тоа време како сензација се сметаше ресторанот на 170 метри надморска височина, кој постојано ротираше по сопствената оска. Водечкиот архитект беше виенскиот проф. Ханес Линтл. Тој избра формален јазик кој се заснова на типот на телевизиски кули кои се наоѓаат и во други градови (на пр. Штутгарт, Торонто). Прво и основно, Кулата Дунав била и е кула за набљудување, зграда за одмор, забава и релаксација. Изградбата траеше од октомври 1962 година до април 1964 година – речиси две години. Искористени се вкупно 3.750 м3 бетон и 514 тони армиран бетон. Свеченото отворање го одржа тогашниот градоначалник на Виена, Франц Јонас, на 16 април 1964 година.
Позначајни податоци: 2 експресни лифта со брзина од 6.2 м/сек; 420.000 посетители годишно; 900 лица се транспортираат во 1 сат; Видливост кога е чисто : 80 км.; Висина на видиковецот : 155 м.;

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

–          Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

–          ВАЖНО : Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

–          Доколку дојде до „виша сила“ и нереализaција на патувањето (поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди), УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ЌЕ БИДАТ ВРАТЕНИ на клиентот.

–          Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

–          Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во ЕУ, пасошот треба да важи минимум 3 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на ЕУ. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

–          Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

–          Aгенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

–          За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.

 

Виена, АВСТРИЈА
среда, декември, 7, 2022
5 dena 2 noki
42
€185.00

ДЕКЕМВРИ 2022

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
07-11.12.2022

€185.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица