TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Дидим-Фетије 🚌

ДИДИМ-МИЛЕТ-ФЕТИЈЕ-КАЈАКОЈ-ОЛУДЕНИЗ-САРИМСАКЛИ-АЈВАЛИК

Прв ден: 10.10.2022 (понеделник)
14.00 часот. Заминување на групата од Македонија кон Турција од Кавадарци и во 16.00 часот од Скопје. Дневно и ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на  Дарданелите. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

Втор ден: 11.10.2022 (вторник)
Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со задолжителна фото пауза пред макетата на коњот користен  во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Дидим.
Во попладневните часови пристигнување во Дидим. Сместување во  „Garden of Sun hotel“ 5* (http://www.gardenofsun.com.tr/). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 12.10.2022 (среда)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон античките градови Дидим и Милет. Некогашното јонско светилиште Дидим е дом на храмот посветен на богот Аполон-еден од најголемите антички храмови подигнат во IV век пред нашата ера кој важи за трет по големина во светот (после храмот на Артемида во Ефес и храмот на грчкиот остров Самос). Храмот никогаш не бил целосно завршен и токму затоа не е дел од Седумте светски чуда на антиката. На неговите ѕидини се прикажани децата на боговите Зевс и Лета – близнаците Аполон и Артемида, а на самиот влез е прочуената статуа на Медузата Горгона со лице на жена и со змии на главата наместо коса која имала способност со поглед да ги скамени луѓето. Во дворот пак се наоѓало второто по големина хеленистичко пророчиште, идентично со  светилиштето во Делфи. Тука најчести посетители биле царевите Октавијан Август, Трајан, како и Александар Велики. Јужно од храмот се наоѓа делумно сочуван стадион каде во чест на богот Аполон се организирале натпревари во атлетика и уметност. Потоа заминуваме кон древниот град Милет, родното место на многу филозофи, меѓу кои и на старогрчкиот математичар Талес кој го открил соѕвездието „Мала мечка“ со што значително им го олеснил патот на морепловците и прв го претскажал помрачувањето на Сонцето (во 585-та година пред новата ера), со што ја стекнал славата на еден од седумтемина мудреци на Антиката. Денеска во Милет можат да се видат рушевините од огромниот амфитеатар кој можел да прими повеќе од 15.000 посетители. По организираниот разглед на овој антички град, го продолжуваме патувањето кон една од најпознатите туристички дестинации во Турција-градот Фетије, туристички бисер на Анадолскиот Полуостров. Пристигнување во доцните попладневни часови. Сместување во хотел „Remer “3*** (http://www.remerhotel.com/tr/) . Вечера. Ноќевање.

Четврти ден: 13.10.2022 (четврток)
Појадок. Заминуваме на целодневен организиран разглед на градот на Сонцето кој има богата историја која се поврзува со древното Ликијско кралство во кое жителите имале свое писмо, јазик, обичаи и богови. Се упатуваме најпрво кон некогашното грчко село Кајакој, кое денес важи за село на духовите. Имено, кога во 1922 година дошло до размена на жителите меѓу Грција и Турција, Грците кои со векови живееле во денешна Турција засекогаш си заминале во Грција, а Турците кои 500 години живееле во Грција се вратиле во Турција. Сепак, околу 400 камени куќи во ова село засекогаш останале ненаселени, па селото на духови денес е туристичка атракција. Тука ќе имаме можност да ги разгледаме интересните коцкасти камени куќи кои се градени на одредена оддалеченост една од друга за да не си прават самите сенка. Поголем дел од објектите, како и две грчки цркви денеска се под заштита на Турската Влада. Потоа продолжуваме кон националниот парк Плава Лагуна. Всушност, тоа е официјално најубавата и една од најфотографираните плажи на Медитеранот-Олудениз или како уште го нарекуваат Мртвото Море. Олудениз е  речиси три километри долг полуостров со кристално чисто тиркизно море и блескаво бели песочни плажи. Слободно време за уживање во убавините на плажата која е опкружена со четинарска шума  која  придонесува за создавање на извонредни климатски услови, како и за индивидуални прошетки низ ова туристичко место кое изобилува со продавници и ресторани. Во попладневните часови се враќаме во Фетије, покрај прекрасното крајбрежје кое го красат мноштво палми и ресторани. Во вечерните часови слободно време за индивидуални прошетки. Вечера. Ноќевање.

Петти ден: 14.10.2022 (петок)
Појадок. По појадокот заминување на групата на крстарење со брод по заливите на Фетије. Искусните морепловци ќе ни приредат  прекрасен ден за уживање – бродот застанува на неколку места за пливање и за фотографирање на наубавата турска регија.
На бродот имаме и организиран ручек. Во попладневните часови враќање во хотелот, побогати со уште едно ново возбудливо доживување. Вечера. Ноќевање.

Шести ден: 15.10.2022 (сабота)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Саримсакли, приморски град на самиот брег на Егејското Море, препознатлив по неповторливиот залез на сонцето. Она што е посебно карактеристично за ова туристичко место се исклучително добрите климатски услови – по препорака на Светската здравствена организација градот се наоѓа на првото место во Европа и второ во светот по лечење на дишните органи кај децата и возрасните. Со само  0,5 % влажност на воздухот, Саримсакли припаѓа на таканаречените  воздушни бањи. Сместување во „Musho hotel“ 4**** (https://www.mushootel.com/). Вечера. Ноќевање.

Седми ден: 16.10.2022 (четврток)
Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки и  плажа (доколку дозволат временските услови). Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Ајвалик, градот што го карактеризираат мали медитерански тесни улици со живописни ресторани и дуќани. Немојте да се изненадите доколку низ улиците слушнете како се зборува на грчки јазик; градот со години бил под влијание и на Грција и на Турција, за конечно во 1922 година да и` припадне на Турција. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување кон Македонија преку протокот Дарданели. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во утринските  часови во понеделник, на 17. Октомври.

 

Цена на аранжманот ……..329 €  
(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Превоз со туристички автобус
Пет  полупансиони (ноќевање, појадок и вечера- шведска маса) во хотели  во Дидим, Фетије и Ајвалик (Саримсакли)
Излети до Дидим, Милет и Фетије со туристички водич со влезници во античките градови и националниот парк Олудениз
Крстарење со брод со вклучен ручек на бродот
Организација на аранжманот и  придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
Доплата за еднокреветна соба  110 €
Патничко осигурување

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 платежни патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмат.

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.

Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање..
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ