Програма
Превземи програма
Драч 23-29.08
1 ден БИТОЛА/СКОПЈЕ-ДРАЧ
Поаѓање од Скопје, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Струга. Заминување за граничен премин Ќафасан, царински формалности, попатни одмори. Пристиднување во Драч. Сместување во хотел. Слободно време за одмор, плажа. Вечера, ноќевање.
2 ден ДРАЧ-ТИРАНА-ДРАЧ
Појадок. Факултативно околу пладне заминувањето за Тирана. Полудневна посета на главниот град на Албанија. Прошетки низ центарот каде се сместени сите Министерства, Државни инситуции, маркети, ресторани, бутици….Во договореното време и место состанок на групата и заминување за Драч. По пристигнувањето во хотелот. Вечера, ноќевање.
3-6 ден ДРАЧ
Појадок, слободни денови за одмор, плажа, индивидуални прошетки. Вечера, ноќевање
Во еден од овие денови ке имаме посета на градот Драч во поладневните до вечерните часови.
7 ден ДРАЧ- БИТОЛА/СКОПЈЕ
Појадок. Припрема и заминување од хотелот за Битола/Скопје.
Попатни одмори, царински формалности. Пристигнување во Битола/Скопје. Крај на аранжманот.
Цена ПО ЛИЦЕ за сместување во:
соби | Hotel Kolaveri Resort *** | Hotel Ibiza *** |
SGL – 1 лице | 284 € | 319 € |
DBL – 2 лица | 199 € | 249 € |
TRPL -3 лица | 176 € | 177 € |
услуга | ПОЛУПАНСИОН | ПОЛУПАНСИОН |
Цените се во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Легенда: SGL – еднокреветна соба, DBL – двокреветна соба, TRPL- трикреветна соба
Во цената е вклучено :
Превоз со туристички автобус
6 полупансиони ( појадок и вечера )
Посета на Драч
Организација и реализација на аражманот
Во цената НЕ Е вклучено :
Патничко осигурување (задолжително е)
Ручек
Полудневна посета на Тирана (10€)
Неспомнати услуги
Информации за превоз
Поаѓање од Скопје во 06:00 од пред хотел Континентал
Поаѓање од Кичево во 07:30 од пред БП Пуцко петрол
Поаѓање од Прилеп во 06:00 од пред БП Лукоил
Поаѓање од Битола во 07:00 од пред Спортска сала
Поаѓање од Охрид во 08:30 од пред БП Лук Оил излез кон Битола
Поаѓање од Струга во 09:00 од пред хотел Дрим
Дете 06-11,99 години попуст 35% од цената за возрасенДоплати и попусти
За сопствен превоз -15€ по лице
Официајлна валута е Лек ( 1 денар = 2 леки ) АЛБАНИЈА (потребни документи за патување пасош или лична карта ) ДрачПрактични информации
Протокол за патување :
– Отворени се границите
– Не е потребно одобрение за влез
– Не е потребен ПЦР тест
– Не е потребен карантин
– Не е потребна самоизолација
Драч или на албански Durrës, е приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско Море. Претставува седиште на Драчката област средна Албанија, на 35 км од главниот град Тирана. Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон Средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. Според пописот од 2003 г. во Драч живеат околу 114.000 жители, а има и извесен број етничко македонско население.
За реализација на аранжманот потребен е минимален број 30 платежни патници. Пријавување е со уплата на 50 % до 20.08.2019, остатокот се уплаќа најкасно 5 дена пред патувањето. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето. Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност. Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци. Услови
Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Во Р.Албанија може да се патува со валидна лична карта на македонски граѓанин. Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Турист