TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Дубаи ✈️

 

Период на патување 09-17.02 / период на пресој 10-16.02 (6 ноќи)

09-10.02.2023
Полетување од СКОПЈЕ во 20.45. Слетување во Истанбул во 00.10 часот на 12.02.
Полетување за Абу Даби во 01.20 часот нареден ден.
Слетување во Абу Даби во 06.45 часот.
Трансфер до хотел во Дубаи.
Пријавување влез во соба е после 14 часот. (Early check in на барање со доплата)
Време за одмор и слободни активности.
Во вечерните часови можност за организирање на факулатативна екскурзија крстарење по Марината со вклучена вечера.
Вечерта КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise/ после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) = 80 €
Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по Марината со вечера.
Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).

11.02.2023
Можност за организрање на Факултативна ексурзија – Градска тура Дубаи (4 часа) = 60 €

Претпладнето започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот.

Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме. Враќање во хотелот.

За лицата кои не сакат да се вратат во хотелот, можат индивидуално да останат во молот каде можат вечерта да ги гледаат распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Burj Khalifa (САМО влезници 45 € normal hours/ prime hours 15;30-18;00 часот влезници 65 €), за 124 кат. Индивидуално враќање во хотелот.

12.02.2023
Можност за организрање на ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) = 55 €

Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак.
По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете.
За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.

13.02.2023
Претпладне време за слободни активности или посета на плажа (на пример La mer beach или слично). Попладне Можност за организрање на ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА  ПОСЕТА НА MIRICLE GARDEN и GLOBAL VILLAGE/ = 60 €

Неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. Тука се останува околу 1,5 час и после продолжуваме кон големиот модрен панаѓур на Дубаи со штандови од сите земји од светот.

14.02.2023
Можност за организрање на ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА  – посета на Museum of the future – влезница 55 €

15.02.2023
Посета на плажата La Mer,  една од најпопуларните јавни плажи во Дубаи со живописен тропски амбиент, позната по своите крајбрежни ресторани и кафулиња.

16.02.2023
Одјавување од хотелот и Можност за организрање на  Abu Dhabi City Tour ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ = 90 еур  Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по  многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан.

Џамијата има 4 минариња и 4 агли кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката.
НАПОМЕНА
Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете, што подразбира долги панталони, долги ракави, а за жените е задолжително и марама.

Цена за сместување во двокреветна соба 795 €

Цената вклучува:
Повратен авионски билет на релација Скопје–Истанбул–Абу Даби–Истанбул–Скопје
Трансфер аеродром Абу Даби – хотел Дубаи – аеродром Абу Даби;
6 ноќевања со појадок во Ibis One Central 3* хотел/ тип на соба
Организација и реализација на патувањето
Локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)

Цената не вклучува:
Влезна виза за  Дубаи 95 € по лице (задолжително за сите лица)
Патничко здравствено осигурување
Факултативни излети и индивидуални тури
Цените се подлежни на промена во зависнот од број на пријавени патници и моментална расположливост
Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
Задолжителна е туристичка такса која се плаќа директно во хотелот * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 €  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:
Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00.
Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација.
Во спротивно, гарантиран е износот на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
Во готово/ кредитни картички/ преку фактура – уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
Дополнително возрасно лице се сместува на помошно легло со што се намалува комодитетот на соба)

Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.
Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.

Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците

Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)

Важни напомени: За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  [email protected]). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )