TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО-Дебрецин 🚌

 ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО РАКОМЕТ 2022 – ДЕБРЕЦИН, УНГАРИЈА
12.01- 18.01.2022

Дебрецин (Debrecen) е вториот најголем град во Унгарија, административен центар и главен град на регион Хајду-Бихар. Дебрецин бил главен град на Унгарија во периодот на 18-тиот век, периодот на револуцијата од  1848-1849 година, како и во периодот на крајот на втората светска војна   1944-1945 год.Со околу 200.000 жители, претставува значаен културен, економски  и универзитетски центар, оддалечен 220 километри од Будимпешта, главниот град на Унгарија.

Хајдасобосло (Hajdúszoboszló ) трет град по големина во регион Хајду-Бихар, во источна Унгарија со околу 25000 жители, познат по своите термални води.  Код телефон (+36) 52
Во центарот, има огромен спа комплекс со загреани внатрешни бањи со лековити својства, масивен отворен базен и аквапарк со тобогани.
Во близина се наоѓа меѓународниот музеј со изложени скулптури и слики од 20 век до денес. Музејот Бочкај Истван (Bocskai István), ја документира историјата на градот….

1 ден  12.01.2022  среда : Битола-Дебрецин  (1050 км во правец)
Состанок на групата на Градската Автобуска Станица Битола (Транскоп) во 17:30 часот.
Поаѓање во 18:00 часот…патот води преку Скопје (тргнување во 21:00 од Скопје) и  Србија.
Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден  13.01.2022 – четврток:               Дебрецин
Очекувано време на пристигнување околу пладне.
Сместување во хотел  “Plage Aparthotel Hajdúszoboszló оддалечен на  околу 20 км од Дебрецин. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Oколу 16:00ч.,поаѓање со организиран превоз кон спортската сала „Főnix Csarnok“  во Дебрецин и следење на натпреварите:
Словенија – Македонија 18:00 ч.
Данска – Црна Гора 20:30 ч.
Враќање во хотелот со организиран превоз 30 минути по завршувањето на вториот натпревар. Ноќевање.

3 ден  14. 01.2022 –  петок:               Дебрецин – Будимпешта (факултативно)
Појадок. По појадокот (факултативно) се упатуваме кон главниот град на Унгарија (230 км во правец, околу 2 и пол часа возење). Панорански разглед и посети на знаменитостите на Будимпешта со локален водич: Плоштадот на хероите, Парламентот на Унгарија, базиликата Свети Стефан, Еврејското гето, најголемата синогага во Европа и уште многу интересни места и објекти ќе бидат дел од нашата агенда во текот на разгледот на градот.
Разгледот на Будимпешта ќе го води лиценциран локален водич кој што зборува на српски јазик. Слободно време за индивидуален разглед, ручек или  шопинг. Попладне враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден  15.01.2022 – сабота:               Дебрецин
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности (предлог актвности подолу во програмата). Во договорено време, поаѓање со организиран превоз кон Дебрецин  и упатување кон фан зоната на македонските навивачи. Упатување кон спортската сала „Főnix Csarnok и следење на натпреварите:
Македонија-Црна Гора 18:00 ч. ,
Словенија-Данска 20:30 ч.
Враќање во хотелот со организиран превоз 30 минути по завршувањето на вториот натпревар. Ноќевање.

5 ден  16.01.22 – недела:               СПА И ВЕЛНЕС (факултативно)
Појадок. Овај ден е предвиден за уживање во надалеку познатите центри за релаксација и масажа кои се наоѓаат во непосредна близина на нашето сместување. Одлична можност за освежување и релаксирање во аква парковите кои нудат различни можности за забава по пристапни цени за секој гостин. Ноќевање.

6 ден  17.01.22 – понеделник:               Дебрецин-Македонија
Појадок. По појадокот напуштање на собите, слободно време за индивидуални активности. Во договорено време, поаѓање со организиран превоз кон  Дебрецин  и упатување кон фан зоната на македонските навивачи.  Упатување кон  спортската сала „Főnix Csarnok“ и следење на наптреварите
Црна Гора-Словенија  18:00 ч.
Македонија-Данска 20:30 ч.
Во договорено време (околу 23:00 ч) поаѓање за Македонија..
Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

7 ден  18.01.22 – вторник:               Македонија
Пристигнување во Македонија во утринските часови. Крај на програмата.

Цена на аранжманот по лице:    17.670 денари (285 €)

 

Услови на плаќање:
Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка.

Во цената на аранжманот Е вклучено:
– Автобуски превоз на горенаведената релација со поаѓања од:
Битола 18:00ч (автобуска станица Транскоп);
Прилеп 18:45ч (бензиска пумпа Лукоил);
Кавадарци 19:45ч (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново);
Велес 20:30ч (бензиска пумпа Макпетрол Каласлари);
Скопје 21:30ч (бензиска пумпа Лукоил, KFC);
Куманово 22:00ч (бензинска пумпа Макпетрол)
– Трансфери на релација хотел – Дебрецин – хотел (во деновите на натпреварите)
– 4 ноќевања со појадок во хотел  “Plage Aparthotel Hajdúszoboszló, (20км од Дебрецин)
– Блок билети за сите натпревари од група Б, категорија 3 ( дати: 13.01 ,15.01, 17.01.2022 )
– Организација, водство и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
– Факултативните излети и посети, влезници при посета на културно-историските споменици;
– Панорамски разглед и тура на Будимпешта 30€ по лице (14.11.2022), со најмалку 30 пријавени патници;
– Посета на СПА и Велнес центрите;
– Патничкото осигурување (околу 200 ден. – по лице);
– Туристичка такса од 8 € по лице, се плаќа директно во хотелот
– Билети за локален превоз
– Личен трошок на патникот

Plage Aparthotel Hajdúszoboszló отворен во јуни 2014 година, во близина на центарот на Хајдасобосло (Hajdúszoboszló) 300 метри од комплексот бањи Хунгароспа.
Можност за изнајмувањето велосипед на гостите.
Ресторанот на приземје е со работно време од 09;00-21;00 часот.
Хотелот има 39 сместувачки капацитети.
Во собите: клима уред, кујна, тоалет, безжичен интернет, сателитска телевизија, мал фрижидер.

*Корисни информации и предлози

Сместувањето ќе биде во хотел/и во гратчето Hajdúszoboszló, на 15тина минути возење од Дебрецин. Се работи за центар на Спа и Велнес туризмот, посетен од многубројни гости од Унгарија и соседството во текот на целата година.
Просечната цена за целодневна посета на поголемите Спа центри кои работат и во зима се движи од 8€ нагоре.
Понесете со себе костими за капење,крпи и влечки, со цел да не треба да купувате или изнајмувате во самиот центар.
Официјалната платежна валута во Унгарија е форинта, а односот помеѓу форинтата и еврото е околу 360:1, или за разменати 100 добивате околу 36.000 форинти
Традиционална храна. Покрај гулашот кој е неизбежен дел од унгарската кујна, вреди да се проба и специјалитетот Лангос – омилената улична храна на Унгарците за брзо храна пред ручек.
Пржено лепче прелиено со кисела павлака и рендано сирење-понекогаш со малку лук.


Напомена :
За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.

За влез во Унгарија, важат правилата за патување кои ги носи и ажурира самата земја.
Патниците ќе бидат навремено известени во врска со потребните документи за влез во земјата, а истите ќе треба да ги поседуваат (поседување на сертификат за комплетна  вакцинација,  или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа).

Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено.

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 платежни патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 7 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
За ова патување важат Општите услови за патување на СКТМ и ТУРИСТ

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )