Програма
ФИРЕНЦА И СИЕНА
02. Декември (Петок) СКОПЈЕ – БОЛОЊА – ФИРЕНЦА |
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 17:45 часот. Полетување за Болоња во 19:20 и пристигнување во 21:10 часот. Трансфер до Фиренца, лулката на ренесансата, градот на “Давид“ на Микеланџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето на италијанскиот литературен јазик. Сместување во хотелот. Ноќевање. |
03. Декември (Сабота) ФИРЕНЦА |
Појадок. Препорачуваме разглед на Фиренца, Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити… Слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет. Можност да се почувствува атмосферата на елитните кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Ноќевање. |
04. Декември (Недела) ФИРЕНЦА – СИЕНА |
Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација… Превоз низ преубавите предели на Тоскана, налик на позадина на ренесансните слики. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање. |
05. Декември (Понеделник) ФИРЕНЦА – БОЛОЊА – СКОПЈЕ |
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Превоз до Аеродромот во Болоња. Полетување во 20:20 часот и пристигнување во Скопје во 22:00 часот. |
Цена на аранжманот: 299 € (18.550 денари)
Вo цената Е вклучено:
Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
Организиран трансфер со автобус од Аеродромот до Хотелот и обратно
Сместување во Хотел Delle Nazioni 3* во центарот на Фиренца – 3 ноќевања со појадок
Организација на аранжманот
Вo цената НЕ Е вклучено:
Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 2.500 денари
Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg 3.500 денари
Посета на Сиена 45 €
Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
Доплата за еднокреветна соба 6.200 денари
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување
Услови
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 15 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Застанувањата поради попатни одмори (паузи) се предвидени на секои 3-4 часа возење на попатните рест-ареи, а во зависност од расположливоста и капацитетот на рест-ареата и условите на патот.
Распоредот на седење во автобусот компјутерски се одредува (со датата на уплата на аранжманот), во зависност од капацитетот и типот на истиот.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20 лица.
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. трошоци.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист