TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Фиренца-Сиена✈️

 

  1. Ноември (Петок) СКОПЈЕ – БОЛОЊА – ФИРЕНЦА
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 17:45 часот. Полетување за Болоња во 19:20 и пристигнување во 21:10 часот. Трансфер до Фиренца, лулката на ренесансата, градот на “Давид“ на Микеланџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето на италијанскиот литературен јазик. Сместување во хотелот. Ноќевање.
  2. Ноември (Сабота) ФИРЕНЦА
    Појадок. Препорачуваме разглед на Фиренца, Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити… Слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет. Можност да се почувствува атмосферата на елитните кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Ноќевање.
  1. Ноември (Недела) ФИРЕНЦА – СИЕНА
    Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација… Превоз низ преубавите предели на Тоскана, налик на позадина на ренесансните слики. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
  1. Ноември (Понеделник) ФИРЕНЦА – БОЛОЊА – СКОПЈЕ
    Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Превоз до Аеродромот во Болоња. Полетување во 20:20 часот и пристигнување во Скопје во 22:00 часот.

 

Цена на аранжманот: 299 € (18.550 денари)

 

Цената вклучува:
Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
Организиран трансфер со автобус од Аеродромот до Хотелот и обратно
Сместување во Хотел Delle Nazioni 3* во центарот на Фиренца на база 3 ноќевања со појадок
Организација на аранжманот

Цената не вклучува:
Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 1.500 денари
Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg 2.350 денари
Посета на Сиена 45 €
Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
Доплата за еднокреветна соба 6.200 денари
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување

 

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 21 платежни патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмат

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.

Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот
При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање..
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ