TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Индија ✈️

Златен триаголник е тура организирана со возило со клима со возач/водич што зборува англиски. Турата е совршена опција за овие патници кои би сакале да ја откријат не само убавината на Индија восхитувајќи се на многу тврдини, палати и храмови, но и да ги видите најзначајните градови во толку голема земја. Турата вклучува разгледување на градовите Делхи, местото Таџ Махал, Агра, главниот град на Раџастан Џајпур…..

1 ден (понеделник) Скопје – Варшава
Состанок на скопскиот аеродром во 15;00 часот, лет за Варшава во 17;30 часот.
Пристигнување во Варшава во 19;35 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот.
Слободно време. Ноќевање.

2 ден (вторник) Варшава – Њу Делхи
Појадок. Можност за факултативна панорамска посета на Варшава ( со доплата ) или слободно време до полетувањето за Њу Делхи. Трансфер од хотелот до аеродромот во договорено време. Лет за Њу Делхи во 15;30 часот. Полетување во 18;25 часот.

3 ден (среда) Њу Делхи
Пристигнување во Њу Делхи. Представник на нашиот партнер ве чека на аеродромот за трансфер хо хотелот. Слободно време и одмор во хотелот. Можност за индивидуални  разгледувања на места како модерниот хинду храм Акшардам…. Ноќевање во хотелот.

4 ден (четврток)                            Њу Делхи

Појадок. Ден предвиден за посета на стариот дел на градот со разгледување на најпознатите споменици таму – најголемата џамија во Индија – Џама Масџид, Црвената тврдина која е на листата на УНЕСКО, местото каде е кремиран Махатма Ганди – Раџ, храмот на Сиките – Гурудвара. За време на патувањето во Стариот Делхи ќе уживате во возењето со рикша по тесните улички на Стариот Делхи со застанување на пазарот за зачини.

По ручекот продолжува разгледувањето на Њу Делхи. Посета на Индиската порта и Дипломатскиот округ каде што можете да го видите Домот на Парламентот, зградите на секретарите, храмот Лотус – модерниот храм на сите верувања, споменици на листата на УНЕСКО – гробницата Хумајун. Слободно време. Ноќевање во хотел.

5 ден                   Њу Делхи – Агра

Појадок. По појадокот патување до Агра. Агра е дом на едно од седумте светски чуда симбол на вечната љубов – Таџ Махал. Споменикот го изградил императорот Шахјахан во спомен на неговата сакана сопруга Мумтаз Махал. Се наоѓа на брегот на Јамуна и е од огромно значење за туризмот во Агра. Разгледување на Агра. Споменикот на листата на УНЕСКО – Тврдината Агра која е една од најубавите тврдини во Индија. Слободно време. Ноќевање во хотел.

6 ден                   Агра – Џајпур преку Фатепур Сикри

Во зорите посета на Таџ Махал на изгрејсонце. Враќање во хотелот на појадок.
По појадокот заминување за Џајпур – легендарниот „розов град“ во пустината именуван по Џаи Синг, поранешниот Махараџа од Џајпур.

Попатно застанување во Фатепур Сикри за да видите каде бил поранешниот главен град Могал. По пристигнувањето сместување во хотел. Посета на Галта Ги – храмот на мајмуните прекрасно сместен меѓу ридовите. Слободно време. Ноќевање во хотел.

7 ден                   Џајпур
Појадок. По појадокот локалното разгледување на градот. Посета на места како тврдината Амбер – прекрасна палата на тврдината сместена меѓу ридовите, Градската палата, Јантар Мантар – Астрономска опсерваторија, гробниците Гаитор – Кралските гробници на кралевите Џајпур, Џал Махал – Водената палата и Хава Махал.- најкарактеристичниот ѕид во Џајпур со 1000 мали прозори. Можност за пазарење, шопинг на локалниот пазар. Ноќевање во хотел.

8 ден                   Џајпур – Њу Делхи

По појадокот заминување од Џајпур до аеродромот во Њу Делхи. Лет за Скопје.

9 ден                   Скопје
Пристигнување на аеродромот во Скопје.

 

Сместување во хотели со 3*
Цена по лице 1240 € во двокреветна соба
Цена по лице 1480 € во еднокреветна соба
Сместување во хотели со 4*
Цена по лице 1380 € во двокреветна соба
Цена по лице 1580 € во еднокреветна соба

 

Во цената Е вклучено:
Авионски превоз Скопје-Варшава-Њу Делхи-Варшава-Скопје
Аеродоромски такси
Трансфер во Варшава аеродром-хотел-аеродром
1 ноќевање со појадок во Варшава ( во близина на аеродромот )
Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Индија
2 ноќевања во Њу Делхи
1 ноќевање во Агра
2 ноќевања во Џајпур
Услуга во хотелите ноќевање со појадок
Превоз према програмата во Индија ( возач кој зборува англиски јазик )
Локални водичи (на англиски јазик) во Делхи, Агра, Џајпур, Фатехпур Сикри
Возење со Рикша во Делхи
Транспорт до тврдината Амбер во Џајпур

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Влезници за споменици и бакшиш (120 €)
Личен трошок на патниците
Неспомнати услуги

Важни напомени информации !

За реализација за патување потребни се минимум 2 патници.
Задолжително е познавање на англиски јазик на еден од патницита
Задолжително е плаќање за влезници и бакшиш за возач/водич 120 € по човек
За група над 6-18 патници агенцијата обезбедува за истата цена и вечера во хотелите.
За група над 20 патници агенцијата обезбедува и преведувач на македонски јазик

Личен возач кој зборува англиски и удобно возило
Сместување во одбрани хотели со приватни бањи и клима
Многу атракции вклучени во цената
Разглед на Таџ Махал
Возење со Рикша во Стариот Делхи
Шопинг
Возач/водичи на англиски јазик
Разглед на споменици, тврдини и храмови на УНЕСКО
Вклучени трансфери

 

Главен град       Њу Делхи
Најголем град   Мумбај
Валута                 Индиска рупија (inr)

Индија е мешавина од волшебни бои и култури, историско наследство, прекрасни архитектонски ремек-дела и екстравагантно изобилство на кралски сјај.
Оваа земја на мудреци и древни легенди е дом на вечниот симбол на љубовта – Таџ Махал, величествените тврдини и палати во Раџастан, смарагдните плажи на Гоа и Керала, античките пештери Ајанта и Елора и Златниот храм на Амритсар.
Крунисана од Хималаите на север и опкружена со океани на југ, Индија нуди јадења полни со разновидност….

Од пешачки патеки низ хималајските села, до пустински кампови во песочни дини, модерни метрополитенски градови, паркови со диви животни, мирни тајни води, луксузни возови, крстарења по реки и авантуристички тури, изборот е ограничен само од вашата фантазија!

Индија, служб. Република Индија — држава во Јужна Азија и го зафаќа поголемиот дел од индискиот потконтинент, опфаќајќи многу значајни и историски трговски патишта. Со крајбрежје од преку 7,000 километри, Индија дели граници со Пакистан, Кина, Мјанмар, Бангладеш, Непал, Бутан и Авганистан. Малдивите и Индонезија се одделни островски нации. Индија е втора земја по број на жители во светот со 1,147,995,904 жители и седма по географска големина со 3,287,590 км2. Главен град е Њу Делхи.

Дом на прастарата Цивилизација на Индиската Долина и област на историските трговски патишта и пространи империи, индискиот потконтинент бил идентификуван со своите комерцијални и културни богатства во поголемиот дел од својата долга историја. Четири од главните религии во светот: хиндуизмот, будизмот, џаинизам и сикизмот, потекнуваат од тука, додека зороастризмoт, јудаизмот, христијанството и исламот, пристигнуваат во првиот милениум пред нашата ера и го оформуваат регионот на разновидни култури. Постепено, припиена од страна на Британската источноиндиска компанија од почетокот на 18 век и колонизирана од страна на Велика Британија од средината на 19 век, Индија станува независна држава во 1947 година, по борбата за независност која била одбележана како ненасилен отпор предводен од Махатма Ганди.

Индија е федерална уставна република со парламентарна демократија што се состои од 28 држави и унија на седум територии. Составена од плуралистичко,повеќејазично и мултиетничко општество, Индија исто така е дом на разновиден жив свет во најразлични заштитени животни средини. Индиската економија е единаесетта по големина светска економија според номиналниот БДП и четврта по големина од паритетот на куповната моќ. Од воведувањето на пазарна економија и економските реформи во 1991 година, Индија станува една од брзорастечките економии во светот, сепак, земјата продолжува да се соочува со сиромаштијата, неписменоста, корупцијата и предизвиците поврзани со јавното здравство. Индија е класифицирана како една од ново индустријализираните земји и таа е едена од четирите БРИК нации. Таа е шеста во светот де факто држава со нуклеарно оружје и е трета по големина вооружена сила во светот, а нејзините воени трошоци се рангирани на десеттото место во светот.
Индија е регионална сила во Јужна Азија

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 2 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмат.

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ.

Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 40 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 30 дена до почетокот на аранжманот

При резервација задолжително по изјаснување дека ке ги платите 120 еур кои се наменети за дел од влезници за знаменитости кои се посетуваат, и бакшиш ( традиција на Исток) за возачот, водичот.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање..
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ