Промо цена: 109€ за уплата до 10.02.2023
Програма
1 ден – (09.03.2023)
Средба со групата пред Спортска сала Битола во 15:00 часот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Денско и ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.
2 ден – (10.03.2023)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).
Напомена:
Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).
Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија.
Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел.
3 ден – (11.03.2023)
По појадокот следува крстарење по Босфорот од околу 90 минути, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.
По крстарењето следи разглед на една од најпознатите палати на светот – Долмабахче, Турскиот Версај.
Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Го посетуваме местото Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе.
Враќање во хотел. Слободно време или можност за организирана забава во ресторан со ориентален турски танц, танчерки, програма со музика, вечера ( факултатива 35 € ). Ноќевање.
4 ден – (12.03.2023)
По појадокот, следува одјавување од хотелот и можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството, Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета. За тие кои ќе останат во Аксарај, поаѓање од хотелот во договорено време.
По комплетирањето на групата се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.
Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време.
5 ден – (12.03.2023)
Пристигнување во Македонија во утринските часови на 13.03.2023.
Промо цена: 109€ до 10.02.2023
Редовна цена 129€
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
Автобуски превоз на дадената релација
Пешачка тура низ стариот дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,
Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
Туристички пратител за време на престојот
Организација за време на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)
Факултативните излети:
Крстарење по Босфорот 20 €
Долмабахче палата (со комплетна влезница во палатата и харемот, слушалки и водич) 35 €
Туркуазу Аквариум (влезница) 20 €
Турска вечер, забава во ресторан со музика, танчерки, вечера 35 €
Факултативи
Пакет факултативи СИЛВЕР 50 €
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул-одмор во населбата Кадикој-Азија
Крстарење по Босфорот
Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој
Пакет факултативи 90 € (заштеда 10€)
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул-одмор во населбата Кадикој-Азија
Крстарење по Босфорот
Долмабахче палата
Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој
Балат и Вселенската патријаршија
Пакет факултативи ВИП 110 € (сите факултативи, заштеда 10€)
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул-одмор во населбата Кадикој-Азија
Крстарење по Босфорот
Долмабахче палата
Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој
Балат и Вселенската патријаршија
Влезница во аквариумот Туркуазу
Важни информации
ВЕ МОЛИМЕ внимателно да ги прочитате ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ и ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ (до крај) |
Личните податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијатa. По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата. Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите. Пасошот треба да важи минимум 3-6 месеци по завршувањето на патувањето. (зависно во која држава се патува) Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број. Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности) |
За реализација на патувањето-аранжманот потребен е минимум од 40 платежни патници. Доколку има недоволен број пријавени платежни патници, агенцијата има право да ја зголеми цената на истиот или да го откаже патувањето, а за тоа да ги извести пријавените патници најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е …… (во зависност од факултативата). Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување. |
Напомени за распоред на седење во автобус: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 € по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот и до таа дата резервираните седишта) |
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот. |
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со Општите услови за патување. Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот. |
Земете предвид дека поради државни или верски празници, реновирање, сервисирање на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата. Патниците кои имаат за цел да посетат (непредвидени во програмата) одредени локалитети, музеи, знаменитости, институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин. |
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително. Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE. |
Сите патници државјани на Република С. Македонија и имаат валидни биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ. Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ, Турција или друга земја за која е наменета понудата-аранжманот. Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето. Туристичката агенција НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните и други документи на патникот. Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Туристичката агенцијата НЕМА одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија. |
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби. |
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување |
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на својата земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ го сноси патникот. |
Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности. За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. |
Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата. |
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција. |
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената. |
Туристичката агенција Турист може да е организатор но и посредник за патување. |
Со оваа програма важат и се применуваат Општи услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука ) |