TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Истанбул 11ти Октомври

9 Октомври (Петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 06.00 часот и полетување за Истанбул во 08.55 часот. Слетување во 11.30 часот по локално време. Трансфер кон хотел со панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас, каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент eкспрес, плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кулата, Египетскиот пазар… Сместување хотел и слободно време за краток одмор. Во попладневните часови, препорачуваме индивидуална посета на Капали Чаршија, затворен трговски пазар со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини. Ноќевање.

 

10 Октомври (Сабота) ИСТАНБУЛ – СУЛТАНАХМЕТ

Појадок. По појадокот, разглед на стариод дел на Истанбул Султанахмет: Хиподромот, Сината Џамија позната по 6-те минариња, посета на Аја Софија, изградена во времето на владеењето на царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија а денес служи и како верски објект а отворена е и за посетители. Разгледот продолжува со посета на палатата Топкапи, палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, од три страни опколена со море. Можност за посета на подземната цистерна Јеребатан сарај, позната како Потонатата палата. По завршување на разгледот, враќање во хотел или можност за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

11 Октомври (Недела) ИСТАНБУЛ – КРСТАРЊЕ ПО БОСФОР – ДОЛМАБАХЧЕ САРАЈ

Појадок. Факултативна можност за крстарење со брод по Босфор и панорамски разглед на раскошните палати и посета на палатата Долма Бахче Сарај, последната резиденција на Отоманскиот султан со музејска збирка со непроценлива вредност. Во вечерните часови, факултативна вечера во национален ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци со мени од прочуената турската кујна. Ноќевање.

 

12 Октомври (Понеделник) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа, од каде се пружа прекрасна глетка кон градот, како и можност преку четиридимензионална симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Моминската Кула… Слободно време за шопинг. Трансфер до аеродромот во Истанбул. Авионот за Скопје полетува во 19.25 часот (локално време). Пристигнување во 20.00 часот.

 

 

За уплата до 04 Септемви ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 евра (14.200 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 269 евра (16.680 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје

– Чекиран багаж до 20кг.

– Трансфер аеродром – хотел – аеродром

– Сместување во Grand Washington Hotel 4* на база 3 ноќевања со појадок

– Панорамски разглед на Истанбул со локален водич

– Организиција на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси 5.580 денари

– Разглед на историскиот дел на Истанбул Султанахмет со трансфер и локален водич 25 евра

– Влезница Топ Капи палатата со водич 20 евра

– Посета на Долма Бахче Сарај и крстарење по Босфор со превоз, водич и влезници 65 евра

– Вечера во национален ресторан

– Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција

– Доплата за еднокреветна соба 3.700 денари

– Патничко-здравствено осигурување (задолжително)

 

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 20 платежни патници. За влез во Аја Софија не се наплаќа влезница. Потребна е соодветна гардероба (марама и облека со покриени глуждови на нозете).
Пријавување е со уплата на 50 %,  останата сума се доплаќа најкасно 5 дена пред патувањето. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето. Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност. Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Турист