TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

23ти Октомври во Истанбул

22-26 Октомври 2020 (2 ноќевања+бус+водич)

1 ден 22.10.2020 Четврток Битола – Истанбул Поаѓање во 19.30 часот . По граничните формалности продолжување за Истанбул преку Грција, со попатни одмори и ноќно возење…..

2 ден: 23.10.2020 Петок Истанбул- Чамлиџе-Капали чаршија Пристигнување во утринските часови. Посета на Римскиот аквадукт, а после тоа ќе одиме во Азискиот дел во местото Чамлиџе од каде што има прекрасен панорамски поглед на Истанбул. После тоа сместување во хотел. Попладнето посета на познатата Капели Чаршија се до вечерта по додоговор со групата организирана посета на турска вечер шоу – факултативно 30 Еур. Ноќевање1.

3 ден: 24.10.2020 Сабота Истанбул-разглед

Појадок. Разгледување на градот со локален водич:Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки), Сината Џамија (изградена од познатиот Мехмед Ага и единствената џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија ( најпрво црква на Светата мудрост градена во времето на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија за денес да биде музеј и една од најпосетуваните атракции во Истанбул), Палатата Топ Капи – (музејот каде се наоѓа мечот на пророкот Мухамед и административен центар на Османлиската Империја во која турските султани живееле со векови и буквално представува град во град). слободни активности.можност за шопинг и слободни активности. Ноќевање2.

4 ден: 25.10.2020 Недела Истанбул-Крстарење по Босфор, Сафир

Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод по Босфорот- единствена можност за пловење под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. После тоа посета на: Мисир чаршија. Можна е факултативна посета на највисоката зграда SAPHHIRE. После тоа ќе го посетиме големиот трговски центар ФОРУМ Истанбул. Вечерта поаѓање за МК преку Грција со попатни паузи и ноќно возење….

5 ден: 26.10.2020 Понеделник. Планирано пристигнување во МК во раните утринските часови. Крај на програмата.

Цена на аранжманот: 99 Еур / 6.138 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Превоз со модерен туристички автобус по програмата
-Сместување во хотел со 5* на база 2 ноќевања / појадок

https://www.rotana.com/arjaanhotelapartments/turkey/istanbul/burguarjaanbyrotana
-Разглед на градот со професионален локален водич
-Организација и водство на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-крстарење со брод по Босфор – 20€;
– посета на Долма Бахче Сарај(превоз | влезница | локален водич) – 25€
– посета на Аја Софија (влезница, аудио сет (слушалки), локален водич) – 15€
– посета на Топ Капи Палатата (влезница, локален водич) – 15€;
– посета на Miniaturk (влезница,превоз, локален водич) – 10€;
– влезница за SAPHHIRE SEIRTERASI – 15 еур(највисоката зграда во Истанбул)
Се што не е наведено во програмата или е наведено како факултативно

КРАЕН РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ : 01/03/20202020

Можеби не е најубав во светот, но има најнеобична географска позиција …. Најголемиот град на Република Турција се наоѓа на бреговите на теснецот Босфор и морето Мармара, на пресекот на патиштата што водат од Балканскиот Полуостров до Мала Азија и од Средоземното Море до Црното Море. Овој голем град, единствен во светот што треба да се подигне на два континента, распрснат од моќниот Босфор од исток, водите на заливот на Голден Рог од север и Мермерното Море од југ, има површина од 5.712 км2 и во својата област вклучува група на острови од мермерното море познати како кнезови. Климата се карактеризира со топли медитерански ветрови, кои се спротивставуваат на зачестеноста на студените бранови од Црното Море. На местото на малата Византија, се појави нов Рим, со името Константинопол или град на Константин. Подоцна се викал Цариград, а денес е ИСТАНБУЛ. Истанбул денес е најважниот град во Турција со над 20 универзитети, колеџи и средни училишта, библиотеки и центри за култура. Истанбул е економско и културно седиште на турската држава, важен меѓународен и транспортен центар и силен туристички центар.

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Пријавување е со уплата на 50 %,  останата сума се доплаќа најкасно 5 дена пред патувањето. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето. Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност. Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Турист.