TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Истанбул City Break

Истанбул– City Break
Дикректен лет од Скопје-Истанбул ,авинска карта со вклучен багаж, трансфери од аеродром до хотел, 3 ноќи со појадок 

Сместување во хотели по избор од 3* и 4*

Цената се однесува по ЛИЦЕ за 3 ноќи / авионска карта со багаж / трансфер 

Хотел  тип на соба услуга  цена 
Sultan Tughra Hotel 4*
двокреветна појадок 195 евра 
My Golden Hotel 4*
двокреветна појадок 195 евра
Nаgehan old city Hotel 3*
двокреветна појадок 185 евра 
Timeks Hotel 3* двокреветна појадок 185 евра 


Предлог разглед на градот :

Започнете со пешачка тура од населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата, како и Сулејмание Џамијата, местото каде се погребани Султанот Сулејман и неговата жена Хурем.

Топ капи палатата, oва е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

Вториот ден посетете го најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула.

Продолжете кон посета на Вселенската патријаршија, Една од најзначајните симболи на христијанството. Според рангирањето, оваа патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст.

Третиот ден дозволете си уникатно искуство со Крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Попладне постете ја Долмабахче палата – Турскиот Версај Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

И завршете го денот со шопинг во трговскиот центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.

Предлог термин за патување – 09-12 Декември
Но клиентите исто така можат сами да одберат

број на ноќевања – по избор
дата на патување – по избор
Напомена: Цените подлежат на промени според политиката на авиокомпаните и самите хотели.

Клиенти кои имат Вредносен Ваучер од Т.А ТУРИСТ имаат можност да го искористат истиот за горенаведениот аранжман.

Во цената НЕ Е вклучено
користење на спа центар
Влезници за музеи и културно – историски споменици
– Патничко осигурување

– Личен трошок на патниците

ИНФОРМАЦИИ

– официајлна валута е Лира  ( 6.70 денари = 1 лира)

Турција (потребни документи за патување пасош со валидност мин. 6 месеци од датата на ваќање )
Протокол за патување :
– Отворени се границите
– Не е потребно одобрение за влез
– Не е потребен ПЦР тест
– Не е потребен карантин
– Не е потребна самоизолација

Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
При резервација се уплаќа 50% од сумата, остатокот треба да биде исплатен најдоцна 7 дена пред патувањето.
Клиенти кои имат Вредносен Ваучер од Т.А ТУРИСТ имаат можност да го искористат истиот за горенаведениот аранжман.
Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Турист.