TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Истанбул 🚌..

Истанбул 04.03 – 08.03.2022

Прв ден – петок (20.05)
Средба на групата на Дрводекор во 15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот.
Планирано поаѓање од Битола во 12 и 30 часот.
Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – сабота (21.05)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).
Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија.

Во попладневните часови планирано е посета на бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува една од највисоките згради во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса).

По посетата на Сафир, се упатуваме кон најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање.

Трет ден – недела (22.05)
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.
По крстарењето следи разглед на една од најпознатите палати на светот – Долмабахче, Турскиот Версај.
Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Го посетуваме местото Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе.
Вечерта слободно време за одмор. Ноќевање.

Четврт ден – понеделник (23.05)
Овој ден ќе биде релаксирачки со можност за убава прошетка во некои од најубавите квартови (махали) на Истанбул. Ве носиме на прошетка низ прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка.
Потоа се упатуваме кон една од најживописните населби Балат, позната во шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството, Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета.

Петти ден – вторник (24.05)
По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.
Планирано тргнување за Македонија во договорено време.
Шести ден – среда (24.05)
Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 ЦЕНА 99€ по лице со поаѓање од Скопје

Цена 109€ по лице до поаѓање од Битола

Доплата 45 € за еднокреветна соба

Попусти за деца:
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 12 години плаќаат 50 евра
Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Три ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,
Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
Туристички пратител за време на престојот
Организација за време на патувањето
Тест за враќање во Македонија (за невакцинираните)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжително патничко осигурување 300 денари по лице
Неспомнати услуги
Личен трошок на патникот
Факултативи:
Крстарење по Босфорот 20 €
Долмабахче 25 €
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул 15 €
Ноќен Истанбул со посета на Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција) 20 €
Прошетка во населбите Ортакој, Балат и Вселенската патријаршија 15 €
Туркуазу Аквариум (влезница) 15 €

SILVER 55 €
Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул: прошетка во населбата Кадикој во Азија
Крстарење по Босфорот
Долмабахче палата

GOLD 75 €
Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул: прошетка во населбата Кадикој во Азија
Крстарење по Босфорот
Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
Долмабахче палата

PREMIUM 90 €
Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул Прошетка во населбата Кадикој во Азија
Крстарење по Босфорот
Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
Долмабахче палатата со влезница и водич
Прошетка во Ортакој, Балат и Вселенската патријаршија

ВИП 100 €
Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул: прошетка во населбата Кадикој во Азија
Крстарење по Босфорот
Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
Долмабахче палатата со влезница и водич
Прошетка во Ортакој, Балат и Вселенската патријаршија
Туркуазу Аквариум

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници,
доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето,
најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
Агенцијата нема одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот.
Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето нема одговорност а целокупниот износ е на штета на патникот.
Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

·        Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ и Т.А. ТУРИСТ