TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

23ти Октомври Истанбул 2 ноќи

 

1 ден 21.10.2021 четврток                          Битола – Истанбул 
Поаѓање во 19.30 часот . По граничните формалности продолжување за Истанбул преку Бугарија (доколку биде дозволено преку Грција) со попатни одмори и ноќно возење…..
2 ден: 22.10.2021 петок                               Истанбул- Чамлиџе-Капали чаршија 
Пристигнување во утринските часови. Посета на Римскиот аквадукт, а после тоа ќе одиме во Азискиот дел во местото Чамлиџе од каде што има прекрасен панорамски поглед на Истанбул. После тоа сместување во хотел. Попладнето посета на познатата Капели Чаршија се до вечерта по додоговор со групата организирана посета на турска вечер шоу – факултативно 30 Еур. Ноќевање1.
3 ден: 23.10.2021 сабота                              Истанбул-разглед
Појадок. Разгледување на градот со локален водич:Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки), Сината Џамија (изградена од познатиот Мехмед Ага и единствената џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија ( најпрво црква на Светата мудрост градена во времето на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија за денес да биде музеј и една од најпосетуваните атракции во Истанбул), Палатата Топ Капи – (музејот каде се наоѓа мечот на пророкот Мухамед и административен центар на Османлиската Империја во која турските султани живееле со векови и буквално представува град во град). слободни активности.можност за шопинг и слободни активности. Ноќевање2.
4 ден: 24.10.2021 недела                            Истанбул-Крстарење по Босфор, Сафир
Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод по Босфорот- единствена можност за пловење под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. После тоа посета на: Мисир чаршија. Можна е факултативна посета на највисоката зграда SAPHHIRE. После тоа ќе го посетиме големиот трговски центар ФОРУМ Истанбул. Вечерта поаѓање за МК преку Грција со попатни паузи и ноќно возење….
5 ден: 25.10.2021 понеделник                 Истанбул-Македонија
Планирано пристигнување во Македонија во раните утринските часови. Крај на програмата.

 

Цена на аранжманот 99 € / 6.138 денари

 

Во цента Е вклучено:
Превоз со модерен туристички автобус по програмата
2 ноќевања / појадок во хотел со 5*
Разглед на градот со професионален локален водич
Организација и водство на аранжманот
https://www.rotana.com/arjaanhotelapartments/turkey/istanbul/burguarjaanbyrotana
Во цента НЕ Е вклучено:
Задолжително патничко осигурување 300 денари по лице
Крстарење со брод по Босфор  20€;
Посета на Долма Бахче Сарај (превоз | влезница | локален водич)  25€
Посета на Аја Софија (влезница, аудио сет (слушалки), локален водич) 15€
Посета на Топ Капи Палатата (влезница, локален водич)  15€;
Посета на Miniaturk (влезница, превоз, локален водич)  10€;
Влезница за SAPHHIRE SEIRTERASI  15 € (највисоката зграда во Истанбул)

 

 

Можеби не е најубав во светот, но има најнеобична географска позиција …. Најголемиот град на Република Турција се наоѓа на бреговите на теснецот Босфор и морето Мармара, на пресекот на патиштата што водат од Балканскиот Полуостров до Мала Азија и од Средоземното Море до Црното Море. Овој голем град, единствен во светот што треба да се подигне на два континента, распрснат од моќниот Босфор од исток, водите на заливот на Голден Рог од север и Мермерното Море од југ, има површина од 5.712 км2 и во својата област вклучува група на острови од мермерното море познати како кнезови. Климата се карактеризира со топли медитерански ветрови, кои се спротивставуваат на зачестеноста на студените бранови од Црното Море. На местото на малата Византија, се појави нов Рим, со името Константинопол или град на Константин. Подоцна се викал Цариград, а денес е ИСТАНБУЛ. Истанбул денес е најважниот град во Турција со над 20 универзитети, колеџи и средни училишта, библиотеки и центри за култура. Истанбул е економско и културно седиште на турската држава, важен меѓународен и транспортен центар и силен туристички центар.

 

Крстарење со брод по Босфор  20€;
Посета на Долма Бахче Сарај (превоз | влезница | локален водич)  25€
Посета на Аја Софија (влезница, аудио сет (слушалки), локален водич) 15€
Посета на Топ Капи Палатата (влезница, локален водич)  15€;
Посета на Miniaturk (влезница, превоз, локален водич)  10€;
Влезница за SAPHHIRE SEIRTERASI  15 € (највисоката зграда во Истанбул)

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
За патувањето е потребно да имате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истекот.
За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници
За време на патувањето задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
За резервација задолжителна е уплата од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат барање за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција (10€ по лице)
Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Агенцијата смее да направи измена на програмата на лице место
За ова патување важат Општите Услови за Патување на Т.А. ТУРИСТ