TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Истанбул

1 ден (17.04.2020 – петок) | Скопје – Струмица – Грција
Состанок со групата во Скопје. Поаѓање за Истанбул. Ноќно патување преку Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (18.04.2020 – сабота) | Истанбул (Панорамски разглед, Крстарење по Босфор, Египетски пазар)
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Факултативен панорамски разглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул: Римскиот Аквадукт, Златниот Рог, Таксим, Галата Кула, Бешикташ, Ортакој. Пауза на азискиот дел на местото Чамлиџа (Camlica Hill) каде ќе ужувате во панорамскиот поглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул, во комбинација со турско кафе или чај или пак традиционалното благо Ашуре (познато како благото на Дедо Ное). Сместување во хотел. Крстарење по Босфор со панорамски разглед на мостовите, кои го поврзуваат Европскиот и азискиот дел на Истанбул, во времетраење од 1.5 до 2 часа. Посета на Египетскиот пазар и можност за шопинг. Индивидуално враќање во хотел. Во вечерните часови можност за посета на Цариградската патријаршија каде ќе бидете присутни на прославата за Христовото раѓање. Ноќевање.

3 ден (19.04.2020 – недела) | Истанбул (Сина Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Вечера на брод)
Појадок во хотел. По појадокот е предвиден пешачки разглед со локален водич и посета на Сината џамија (бесплатен влез – доколку е отворена за посетители), Аја Софија (факултативно – со доплата), Посета на Топ Капи палатата (факултативно – со доплата) – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, чиј изглед датира уште од времето на Сулејман Величествениот. Враќање во хотел. Во вечерните часови факултативна вечера на брод (вечера и ноќно крстарење по Босфор). Враќање назад во хотел со организиран трансфер. Ноќевање.

4 ден (20.04.2020– понеделник )| Истанбул (Долмабахче, Сафир Сеир Тераси, Трговски центар Форум)
Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната палата на Отоманските Султани, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство (факултативно – со доплата).Заминување кон највисоката зграда во Европа (236 m) – Sapphire Seyir Terasi, каде ќе уживате во панорамскиот поглед на Истанбул од врвот на истата, како и можност за четиридимензионалното небесно возење со хелихоптер (факултативно со доплата) над градот при што би ги посетиле најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула.. Во договорено време (доцни попладневни часови) тргнување кон Македонија. Ноќно возење преку Грција.

5 ден (21.04.2020 – вторник) | Струмица – Скопје
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови (Струмица / Скопје).

 

 ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  ЗА ПРВИТЕ 10 МЕСТА – 98 € (6.076мкд)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 118 € (7.316 мкд)

Во цената на аранжманот Е вклучено:
Превоз со туристички автобус на наведената релација;
Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Истанбул на база на 2 ноќевање со појадок;
Професионален туристички придружник од агенцијата;
Организација и реализација на програмата;

 

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ЗА УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА – 112 € (во цената не е вклучена вечера во национален ресторан);

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Панорамски разглед на Истанбул – Европски и Азиски дел со локален водич и автобус – 20 €;
Крстарење по Босфор -20€;;
Вечера во национален ресторан (предјадење, главно јадење, десерт, шоу) – 35 €;
Посета на Аја Софија (влезница + слушалки + локален водич) – 20 €;
Посета на Топ Капи (влезница + локален водич) – 15 €;
Посета Долма Бахче Сарај – (трансфер + влезница + локален водич) – 30 €;
Посета на Saphire Seyir Terasi – (влезница за 4D + локален водич + превоз со автобус) – 20 €;
Патничко осигурување;

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ / ИСТАНБУЛ

Аја Софија – http://www.hagiasophia.com/
Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност. Црквата е градена за време на Византискиот цар Јустинјан и нејзината купола е висока 56 метри и изгледа како да лебди, со што го претставува небото. Била најголема катедрала во светот скоро 1000 години се додека не е изградена катедралата во Севили. По освојувањето на градот од Мехмед Освојувачот, тој бил толку имресиониран од цркавата па ја претвара во џамија и останува така се додека не е повторно претворена во Музеј. Аја Софија остана најголема верска зграда во Истанбул, и иако секој моќен султан се обидел да ја претвори во џамија, никој не успеал во тоа бидејќи ја нагласува величественоста на црквата каде што се нагласени прекрасните визанстиски мозаици. Музејот денес е една од најголемите атракции за туристите во Истанбул и препорачливо е посетата на истиот да почне рано изутрина бидејќи во текот на денот после 10 часот почнуваат долгите редици од туристи.

Топ Капи  http://www.topkapisarayi.gov.tr/
При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во џамија. Ова палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани кои со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството (раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци  меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Во палатата се чувствува автентичниот дух на Османлиската Империја. Редицата за билети е прилично долга, но има многу билетарници, и кога е групно организирано, редицата оди многу бргу. Работно време: 9:00 – 17:00 часот.

Долма Бахче Сарај – http://www.dolmabahcepalace.com/
Долма Бахче Палатата е отворена секој ден освен Понеделник и Четврток од 09:00 – 17:00 часот. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 – ти век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик – дел за мажите и Харем – делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 – тиот век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Палатата располага со непроценливо богатство.

Крстарење по Босфор – http://www.bosphorustour.com/Bosphorus-cruise.html
Престојот во Истанбул не би бил комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот, теснецот кој ги дели Азија и Европа. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под двата моста кои го дели Истанбул на Азиски и Европски дел. Прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул.

Сафир Сеир Тераси – http://www.istanbulsapphire.com
Сафир Сеир Тераси е највисоката зграда во Европа од 236 метри. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар каде што можете да најдете повеќе познати бреднови (H&M, Cotton, LC Waikikи). На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4Д проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер и можност и шанси да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ капи Палатата, Брилијатната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, плоштадот Таксим, Истаклал Улицата. Сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси.

Сината џамија – http://www.bluemosque.co/
Султанахмет Џамијата е историска џамија во Истанбул, која исто така е наречена и Сината џамија поради сините плочки околу ѕидовите и внатрешниот дизајн на џамијата. Покрај се, уште е активна како џамија, така што за туристите е затворена по 5 пати дневно половина час за време на молитвите и е доста популарна туристичка атракција.

Капали Чаршија – http://www.kapalicarsi.org.tr/index.php
Капали Чаршија во Истанбул е еден од најголемите и најстарите затворени пазари во светот со 61 покриени улици и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25.000 до 40.0000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види како значаен локалитет во Истанбул.

1.   За реализација на аранжманот потребен е минимален број 44 платежни патници.
2.  Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
3.   Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица
(во зависност од факултативата).
4.   Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
5.   Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
6.   Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
7.  За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
8.  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
9.  Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
10.  Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
11.   Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
12.  За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
13.  Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист
14.  
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
15.  Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
16.  Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
17.  Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
18.  Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
19.  Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
20.  Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
21.  Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
22.  Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
23.  Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ и Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување…
24.  Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
25.  Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
26.  Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
27.  Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
28. Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
29. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ на штетата ја сноси патникот.
30.  Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
31.  Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената