TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

ИЗРАЕЛ ✈️

1.ден: 04. Јануари: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ТЕЛ АВИВ
Состанок на групата на Аеродром Александар Велики во 08:00 часот.Лет за Истанбул со PC352 во 10:10 часот. Слетување во 13:35 часот. Полетување со PC785 во 20:20. Оброк во авион. Слетување на аеродромот Ben Gurion во 21:20 часот. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел во Витлеем. Ноќевање.

2.ден: 05. Јануари: ВИТЛЕЕМ – МАСЛИНОВАТА ГОРА – НОВИОТ ГРАД – ЕИН КАРЕМ
Појадок. Посета на Пештерата со Јаслите во Црквата на Светото Рожденство во Витлеем, како и црквата Св. Катерина и пештерата на Св.Јероним. Од Маслиновата Гора ќе имаме можност за прекрасен панорамски поглед на вечниот Свет Град. Посета на Светите Олтари на Маслиновата Гора ,Оче Наш, Капелата Dominos Flavit,Гетсеманските Градини,ќе ја посетиме Базиликата на Агонијата со Гециманската Градина.Оваа базилика е попозната како Базилика на Сите Нации.Во Гециманската Градина,Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен.Посета на гробот на Мајката Божја,кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот.Спуштајќи се кон гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким,и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознело на небото.Посета на Ein Karem, живописно село родното место на Св. Јован Крстител. Враќање назад во хотел. Вечера. Ноќевање

3.ден: 06. Јануари: СТАРИОТ ГРАД – ПЛАНИНАТА ЗИОН – ЕВРЕЈСКИ КВАРТ – ЗАПАДНИОТ ЅИД
По појадокот, заминување на целодневна пешачка тура -прошетка низ Светиот Град, Via Dolorosa – патот на Христовото Страдание, ќе влеземе во Кулата Antonia, затворот каде Исус ги поминал последните часови пред да биде осуден, па повторно, по Патот на Крстот, Via Dolorosa, ке стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Тука ќе ги посетиме Голгота,плочата на миропомазувањето на Исус и Христовиот Гроб. Ќе продолжиме во посета на Калвари и Празниот Гроб, Планината Зион и Еврејскиот кварт. Ќе влеземе во собата каде се одржала Последната Вечера а потоа ќе продолжиме,преку еврејскиот кварт до Западниот Ѕид (Ѕидот на плачот), најголемото Еврерјско светилиште. Вечера. Ноќевање

4. ден:  07. Јануари:  МАСАДА – МРТВО МОРЕ
По појадокот  се упатуваме кон Масада – искачување со жичарница на тврдината) – спектакуларна Тврдина изградена од страна на Кралот Херод а потоа ќе се упатиме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме ( или плутаме ) во пријатно топлата вода.  Враќање во Хотел. Ноќевање

5.ден: 08. Јануари: ЦЕЗАРЕА – ХАИФА –  БАХАЈСКИ ГРАДИНИ – ТИБЕРИАС
По појадокот со спакуван багаж заминување кон Old Jaffa,најстарото пристаниште на Средоземјето, античкиот дел на Тел Авив каде ќе ја посетиме црквата Св.Петар и уметничкиот кварт. Од таму се упатуваме кон Цезареа римски археолошки локалитет со одлично конзервираниот амфитеатар изграден од страна на Крал Ирод и ќе ги видиме хиподромот и најголемиот аквадукт во Светата Земја. Продолжуваме во посета на прекрасните Бахајски градини во Хаифа и ке имаме можност за прекрасен панорамски поглед на градот и пристаништето од планината Кармел .Посета на црквата Стела Марис изградена над пештерата во која живеел Св.Илија.Заминуваме кон нашиот хотел во Тибериас преку Галилеја. Вечера. Ноќевање.

6.Ден: 09. Јануари:  ГОРАТА ТАБОР- КАНА- НАЗАРЕТ
По појадокот,ќе тргнеме кон планината Табор каде ќе имаме можност да ја посетиме Црквата на Преображдението.Од поножјето до врвот на 575 м надморска висина се патува со помали такси комбиња заради тесниот пат и кривините.Заминување кон Кана Галилејска, каде ќе го посетиме местото каде се случило првото од трите Исусови чуда, кога Исус ја претворил водата во вино на свадбарската веселба.Продолжуваме кон Назарет,во посета на Базиликата на Благовештението и Пештерата над изворот каде Архангел Гаврил се јавил на Марија и и соопштил дека ке го роди Исус. Посета и на Црквата посветена на Св.Јосиф, за која се смета дека е изградена врз куќата во која живеела Светата Фамилија. Вечера. Ноќевање

7.Ден:10Јануари:ГАЛИЛЕЈА–СВЕТИТЕ ОЛТАРИ–ТАБХА–ГОРА НА БЛАЖЕНСТВАТА–КАПЕРНАУМ–ЈАРДЕНИТ
По појадокот се упатуваме кон Галилејското Море каде ќе имаме можност за утринско пловење со брод. Посета на Светите Олтари кои се наоѓаат покрај Галилејското Море,Езеро каде Исус пред своите апостоли и мноштво верници одржал дел од своите познати проповеди. Посета на Планината на Блаженствата и Табха место каде се случило умножувањето на рибите и лебот со кои Христос ги нахранил верниците. Ручек –риба во традиционален ресторан (вклучен во цената). По паузата за ручек се упатуваме кон Јарденит, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Враќање во нашиот хотел во Тибериас за вечера. Ноќевање.

8.Ден: 11. Јануари:  ТЕЛ АВИВ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ        
Одјавување од хотел во раните утрински часови и појадок. Трансфер до аеродром за летот на PC786  во 05:30.Лет за Истанбул а потоа заминуваме за Скопје со PC351 во 10:00.Пристигнување во Скопје во 09:30 часот.

 

Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 20.11.2019 989 € / 61.318 мкд
Цена по лице во двокреветна соба 1099 € / 68.138 мкд
Попуст за трето возрасно лице-40 € /  -2,480 мкд
Доплата за еднокреветна соба 290 € / 17.980 мкд

 

Во цената е вклучено :
Повратен авио билет Скопје – Тел Авив – Скопје
Сместување во Хотели со 3* Сите трансфери према програмата
Сите посети со вклучени влезници, према програмата
Стручен локален водич на српски јазик
Техничко водство / Пратител на групата

Во цената не е вклучено :
Аеродромски такси 165€ / 10.230 мкд
Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
Задолжително патничко осигурување
Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите – 45 € / 2.790 мкд (се плаќа во Израел)

Аеродромски такси 165€ / 10.230 мкд
Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите – 45 € / 2.790 мкд (се плаќа во Израел)

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 44 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица( во зависност од факултативата).
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист


Тел Авив, ИЗРАЕЛ
сабота, јануари, 4, 2020
8 dena 7 noki
20
€1099.00

БОЖИК

АВИОН
04-11.01.2020

€1099.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица