21-24.05.2022
Цена 165€ по СОБА за 3 полупансиони за период 21-24.05.2022
Цената е за 2 возрасни и две деца с 13,99 години
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари.
Услуга полупансион (појадок и вечера)
Сместување во соба 1/2+2 = 1 голем (брачен) кревет + 2 единечни кревети
Во цената Е вклучено:
3 полупансиони (шведска маса)
Клима уред
Безжичен интернет
Користење отворен базен со слатка вода
Бесплатно лежалки, чадори на базен во хотелот
Детски дел во дворот на хотелот
Трошоци за организација на програмата
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување (задолжително е да се има)
Туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
Сместување во собите е после 14 часот (локално време)
Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во хотелот
Сместувањето е согласно капацитетот на кревети (договорот за патување),
Полупансион:
Појадок 08:00-10:00 часот – шведска маса
Вечера 19:30-21:30 часот – шведска маса
Хотел
Хотелот Џени е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири.
Има базен, бар покрај базенот, детски дел, ресторан, рецепција, безжичен интернет……
Надворешниот базен и лежалките се бесплатни за користење од гостите.
Хотелот располага со 37 соби:
Во собите: клима уред (вклучен во цената), кабловска телевизија, фрижидер и тоалет (реновирани 2019 г.)
Соби
Четирикреветни стандард соби – еден брачен кревет и два единечни
Во собите: клима уред (вклучен во цената), кабловска телевизија, фрижидер и тоалет (реновирани 2019 г.)
Услови
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализацијата на аранжманот.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 год. во кревет со родител,
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Патниците собите првиот ден го превземаат по 14:00 часот,
Последниот ден собите ги напуштаат до 10:00 часот наутро.
Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
По завршувањето на Вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба.
Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот..
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )