TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Kaпадокија 11ти Октомври

Прв ден (07.10.2020) – среда

08:30ч. Собир на групата пред спортската сала Младост Битола. Заминување кон Турција во 09.00 часот. Патот води преку Прилеп, Велес, Скопје преку Бугарија и истото трае отприлика 24 часа со предвидени паузи за одмор и царински формалности.

Втор ден (08.10.2020) – четврток

Предвидена подолга пауза пред пристигнувањето на второто по големина солено езеро Туз Ѓолу (Tuz Gölü)

Пристигнување во Кападокија во пладневните часови, област која е позната по своите релјефни форми од пред десет илјади години по истовременото избувнување на два вулкана (Ерчисе и Хасанда). Оваа област е споменета уште во Библијата. Раните Христијани се населиле во областа за слободно да ја проповедаат својата религија. Под дејство на водата и воздухот се создале тие чудни форми- чуда на природата.

Сместување во хотел. Во договореното време факултативно се поаѓа на традиционална турска ноќ со програма на познатите Дервиши каде имате достапност на алкохол и мезе. Враќање во хотел. Ноќевање.

Трет ден (09.10.2020) – петок

Појадок. Факултативен панорамски разглед. Поаѓање за Ѓореме – огромен манастирски комплекс, посебни манастири – секој со своја единствена црква. Самата долина ги содржи најубавите цркви вклесани во карпите, со преубави фрески чии бои ја задржале нивната оригинална свежина. Самото место е под заштита на УНЕСКО уште од 1984 година. Посета на Црквата Св.Варвара (11.век), Змиската Црква (11.век), Епл Црквата (12.век), Темната Црква (11.век), Сандали Црквата (12-13.век). По манастирскиот комплекс групата се упатува на посета на Зелве. Слободно време за ручек. Посета на глинена – порксалан фабрика, имагинарната и Свети Симон долината. Организирана дегустација на вино и различни видови на сирења. Во попладневдните часови се упатуваме кон Црвената Долина каде ќе бидеме сведоци на најубавото зајдисонце и каде се доживува една од најубавите глетки кои некогаш воопшто сте ги виделе. Враќање во хотел. Ноќевање.

Четврти ден (10.10.2020) – сабота

Појадок. Во договорено време заедно со локален водич одиме на посета на подземниот град Деринкоју, посета на манастирите на Селим, долината на галебите, фабрика за оникс и скапоцени камења. По разгледот се упатуваме во долината на Ихлара. Предвидено враќање назад во хотел во 18ч. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Петти ден (10.10.2020) – недела

Рано наутро околу 04:00 часот, можност за факулативен лет со балон на топол воздух над самовилските оџаци на магичното изгрејсонце во Кападокија. Класичната обиколка на оваа туристичка атракција во Централна Анатолија од балон го вклучува разгледувањето на местото Ѓореме од воздух кое целосно е сместено помеѓу карпи, а во кое и денес живеат голем број жители.

Појадок. По појадокот спакувани и одјавени од хотелот во договореното време тргнување назад за Македонија.

Шести ден (11.10.2020) – понеделник

Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ – 209 евра

ПРОМОЦИЈА – 179 евра

Доплата за single соба е 75 евра

Дете до 11.99 години со две полноплатежни лица му следува попуст 30%

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– бесплатен трансфер од Скопје и Велес

– автобуски превоз на горенаведената релација

– 3 ноќевања со појадок во 3* хотел во Кападокија

– пратител за време на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– патничко осигурување

– едночасовно летање со балон во Кападокија ЦЕНАТА Е ПАЗАРНА ОДНОСНО ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО И БИ СЕ ЛЕТАЛО ВО ЗАВИСНОСТ ОД ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ (ЈАЧИНА НА ВЕТЕР, ВРНЕЖИ И СЛИЧНО)

– посета на подземниот град Деринкоју со локален водич и превоз (20 евра по лице)

– турска национална вечер (35 евра по лице)

– посета на манастирскиот комплекс Ѓореме и долината Зелве со локален водич и превоз (20 евра по лице)

– индивидуални трошоци

– Доплата за single соба е 75 евра

– Дете до 11.99 години со две полноплатежни лица му следува попуст 30%

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.  Важноста на патната исправа мора да е минимум шест месеци за влез во Р. Турција во спротивно организаторот не сноси никаква одговорност.
Пријавување е со уплата на 50 %,  останата сума се доплаќа најкасно 5 дена пред патувањето. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето. Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност. Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Турист.