Програма
Прв ден: 31.12.2022 година (сабота) |
03:00 часот заминување на групата од Скопје и во 05:00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување на групата во хотел „Oceanis“ 4**** ( https://www.oceaniskavala.gr/ ) лоциран во центарот на градот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ градот кој живее во празнична еуфорија. Плоштадот е украсен со илјадници шарени ламбички, на различни локации се организираат музички претстави и концерти, а целиот град мириса на традиционалните божиќни слатки "kourabiedes" (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и "melomakarono" (колачи со ореви полиени со сируп) со кои се преполни преубавите слаткарници. Вечерта Дочек на Новата 2023 Година во сопствена организација. Ноќевање |
Втор ден: 01.01.2023 година (недела) |
Појадок. Во претпладневните часови заминување на групата кон Драма, градот со неверојатна природна убавина која се отсликува и преку неговото име што значи воден парк. Градот особено оживува за време на Божиќните и Новогодишните празници. Тука на површина од околу 20.000 метри квадратни се наоѓа Oneiroupoli, градот од соништата кој со години е вистинска атракција и едно од трите места во Грција кои задолжително треба да ги посетите за време на Божиќните празнувања. Тука е целата тематска Божиќна приказна прикажана на едно место: Дрвената куќичка на Дедо Мраз заедно со занаетчиските работилници, куќата на самовилите, божиќните штандови со специјално осветлување на кои се продаваат автентични и рачно изработени сувенири и подароци… Градот живее во овој период од годината и за децата и за возрасните и ги повикува на волшебно патување во светот на бајките нудејќи весело расположение, музички концерти и претстави, вкусна храна и пијалоци… Дефинитивно, еден од најубавите божиќни настани во Грција! Во попладневните часови враќање во хотелот во Кавала. Ноќевање. |
Трети ден: 02.12.2023 година (понеделник) |
Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови. |
.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………119 € (7.380 денари)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Превоз со туристички автобус на наведената релација
Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 4 ****
Организиран излет го градот Драма
Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Доплата за еднокреветна соба 30 € (за двете ноќевања)
Туристичка такса во Кавала (се плаќа во агенцијата) – 1,50 € по лице од вечер
Патничко осигурување
Кавала
украсен со светликави ламбички. Бродот го симболизира поморскиот идентитет на земјата и е своевидно
добредојде на морнарите кои се враќаат дома за да го прослават Божиќ со своите семејства. Китењето на
Божиќното дрвце не е традиционален обичај, но и покрај тоа што го има во сите грчки домови сепак не успева да
го истисне обичајот кој од пред една деценија започна да се возобновува во Солун каде на плоштадот Аристотелис
беше поставен огромен брод украсен со сино-бели светилки… Традицијата сеуште е задржана во Кавала, градот
распослан на морето каде секоја година се украсува малиот брод поставен на централното пристаниште …
Услови
НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:
Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.
ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица
(во зависност од факултативата).
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аржманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист