TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Кипар 2023 ✈️

8ми Март на Кипар (04-07 Март 2023)

04.03.2023 (сабота)  Солун  – Ларнака
Состанок на групата на групата на аеродром Солун во 07.00 часот по грчко време  и чекирање на лет Wizzair. Полетување во 09,10 часот по грчко време.  Пристигнување на аеродромот во Ларнака во 11.00 часот.  Запознавње со прогрaмата и нашите водичи. Заминување за разглед на еден од најстарите градови на светот, град со испреплетени години историја, култура и уметност, во кој се измешале повеќе цивилизации како Персиjци, Грци, Египќани, Византици, Отоманци, Турци и Британци. Град со посебен шарм и поволна блага клима. Панорамски разглед на градот Стар Китон (Ларнака), Паркот на камилите,  Неолитски споменик- “Choirokoitia“, Големата џамија-Кебир, Султан Теке, Солено Езеро, Црквата Аг.Лазарос, Археолошки музеј Пиеридес, Плажа Финикудес, Манастир Ставровуни. Сместување во хотел. Попладнето слободно време за посета на стариот дел на градот Ларнака. Уживајте во ноќта меѓу локалното население, атмосфера и храна. Можност за посета на етно ресторан – факултативно. Ноќевање.

05.03.2023 (недела)  Ларнака – Лимасол  – Омодос
Појадок. По појадокот факултативно (50 Еур) организирано заминување и посета на стариот град Лимасол.
Лимасол е втор град по големина на Кипар (после Никозија) и најпопуларно летувалиште на островот на Афродита после Аја Напа. Лимасол е голем туристички центар, со долги шеталишта во центарот на градот, до самото море. На брегот од лева и десна страна се нижат безброј хотели и туристички населби. Овде сте во можност да уживате во долгите плажи, прекрасните хотели и секако и во стариот дел на градот каде можете да ги видите локалците како играат табла и пијат кафе во текот на целиот ден. Градот ви нуди голем избор на продавници од секаков тип кој ќе ги задоволи дури и оние најпребирливите. потоа ќе продолжиме да  посетиме прекрасно село сместено во областа Лемесос (Лимасол). Ќе го посетиме и убавото село Омодос каде се произведува  вино, кое се наоѓа на надморска височина од 800 метри на планинскиот венец Тродос, во прекрасната област „Красохорија“, на само 42 километри од градот Лемесос. Омодос е едно од најтрадиционалните и најшармантните села на островот. Селото постои од периодот на Франките и е означено како „Хомодос“ и „Хомоклос“ на старите карти, а неговото име потекнува од грчкиот збор за улица – „одос“. Познат по виното, позитивната енергија, рачно изработените тесно плетени врвки и лебот „аркатена“, неговата чудна околина е совршена за агротуризам. И покрај неговата скромна големина, Омодос има многу интересни глетки. Сместени во непосредна близина еден до друг се калдрманиот плоштад, старите камени куќи, локалните винарии, средновековната преса за вино и манастирот Тимиос Ставрос (Светиот крст), со старите икони и импресивни резби. Ќе видиме  и музеј посветен на НОБ, како и центар за зачувување на тесно плетените врвки и Музеј на икони. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.

06.03.2023 (понеделник)  Ларнака – Никозија  
Појадок. Слободно време за истражување на градот или пак организирана факултативна екскурзија (50 Еур)  на главниот град на Кипар – Никозија.  Град поделен на два дела и  две временки зони, граница и пасошка контрола.  Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред  е посебно искуство.   Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е  наречен  Laiki Getonia , исполнет со голем број на продавници, кафичи, атељеа  и тесни улички.   Посета на Кипарскиот Археолошки музеј кој поседува голема колекција  на предмети од преку 9000 годишна историја на островот.  Голем број од старите куќи се рестарвирани, а во рамките на стариот град  се наоѓа  Етнографскиот музеј, Катедралата на Св Јован, големата палата на  Архиепископот  Макариос  III  првиот и доживотен претседател на републиката,  како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопственост  на Кипарската православна цркава.  Слободно време за ручек.  По ручекот се заминува према зелената линија  и познатиот зид кој  го дели Кипар на Грчки и Турски дел.  Враќање во хотел во Ларнака. Слободна вечер со можност за посета на ноќен клуб. Ноќевање 3.

07.03.2023 (вторник)  Ларнака- Солун
Појадок  (ланч пакет ) Одјавување од хотел во 04.00 часот. Трансфер до аеродромот во Ларнака. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување од Ларнака  во  06.25  часот Пристигнување во Солун во 08.35 часот. Можност за прошетка низ Солун, како и можност за шопинг. Заминување за Македонија за групата со организиран превоз во 15 часот и пристинување во вечерните часови. Организирани трансфери по градови.

Цена на аранжманот: 339 Eур/ 21.018 МКД
Цена за резервација и уплата до 31.12.2022 :  305  Еур/18.910 МКД

Деца: 2-12 години со двајца возрасни 289
Еднокреветна соба 469 €

Во цената се вклучени следниве услуги:
Авиокарта Солун-Ларнака РТ со вклучен рачен багаж (30х40х20- 8кг)
3 ноќевања со појадок во  хотел 3* во Ларнака
Организиран разглед на градот Ларнака  со локален водич
Прошетка и шопинг во Солун (за патниците со организиран превоз од Македонија)
Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:
Автобуски превоз Битола- аеродром Солун РТ 40 € по лице.
Автобуски превоз Скопје-Велес-Охрид РТ 50 € по лице
Факултативен излет Лимасол
Факултативен излет Никозија
Вечера во национален ресторан
Багаж 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 3.500.00 денари за двата правца
Туристичка такса 1,5 € по соба од ден, напалата на рецепција во хотел
Влезници за посета на локалитетите
Паркинг аеродром Солун (24 €/ кола /4 дена)
Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кавадарци 10 Еур/лице

 

Факултативен излет Лимасол 50 €
Факултативен излет Никозија 50 €
Вечера во национален ресторан 40 €

1. За реализација на аранжманот потребен е минимален број 20 платежни патници.
2.  Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
3.  Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 15 лица
(во зависност од факултативата).
4.   Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
5.   Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
6.   Седиштата во авионот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
7.   Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
8.  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
9.  Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
10.  Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
11.   Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
12.  За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
13.  Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист
14.  
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
15.  Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
16.  Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
17.  Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, авионски билет, хотел, автобуски трансфери и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
18.  Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
19.  Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
20.  Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
21.  Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
22.  Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
23.  Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
24.  Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
25.  Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
26.  Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
27.  Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
28. Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
29. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ ја сноси патникот.
30.  Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
31.  Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената

Лимасол, КИПАР
сабота, март, 4, 2023
4 dena 3 noki
20
€339.00

8ми МАРТ

АВИОН
04 - 07. МАРТ 2023

€339.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица