Програма
1 ден 08.09.2023 (петок) Солун – Ларнака
Состанок на групата на групата на аеродром Солун во 11.00 часот по грчко време и чекирање на лет Wizzair. Полетување за Ларнака во 13,00 часот по грчко време. Пристигнување на аеродромот во Ларнака во 15.00 часот. Запознавање со прогрaмата и нашите водичи. Трансфер и сместување во хотел Аделаис 3* во Протарас https://adelaisbayhotel.com/
Попладнето слободно време за посета на познатото туристичко место и можност за капење. Уживаме во ноќта меѓу локалното население, атмосфера и храна. Вечера. Ноќевање 1.
2 ден 09.09.2023 (сабота) Никозија
Појадок. По појадокот организирано (опционално) заминување и посета на главниот град на Кипар – Никозија. Град поделен на два дела и две временки зони, граница и пасошка контрола. Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред е посебно искуство. Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е наречен Laiki Getonia , исполнет со голем број на продавници, кафичи, атељеа и тесни улички. Посета на Кипарскиот Археолошки музеј кој поседува голема колекција на предмети од преку 9000 годишна историја на островот. Голем број од старите куќи се рестарвирани, а во рамките на стариот град се наоѓа Етнографскиот музеј, Катедралата на Св Јован, големата палата на Архиепископот Макариос III првиот и доживотен претседател на републиката, како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопственост на Кипарската православна цркава. Ќе го посетиме Бујук Хан. Слободно време за ручек. По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел. Враќање во хотелот во Протарас. Вечера. Слободна вечер со можност за посета на ноќен клуб. Ноќевање 2.
3 ден 10.09.2023 (недела) Северот на Кипар – Фамагуста и Керинија
Појадок. Организирана екскурзија (опционално) на Фамагуста и Керинија. Екскурзијата ја започнуваме со застанување на чекпоинтот Деринија каде ќе се запознаеме со историски моменти на Кипар, со отворање на два контролни пункта по повеќе од половина век. Официјални лица од двете страни ги отвориле ови гранични премини за првпат по многу години, поддржани од ОН. Поделеноте кипарски Грци поминувале низ источниот граничен пункт Деринија, минувајќи покрај мировниците на Обединетите нации кон отцепениот север поддржан од Турција. Во исто време, преминот Лефка-Аплики бил отворен во северозападниот дел на источниот медитерански остров. Пред повторното отворање на преминот Деринија, војниците ги отстраниле бариерите завиткани со ‘рѓосана бодликава жица. Продолжуваме кон Градот на Духовите-Фамагуста.Фамагуста, грчки Амохостос, турски Гази Магуса, главно пристаниште во делот на северен Кипар под управа на кипарските Турци. Лежи на источниот брег на островот во заливот помеѓу Кејп Греко и Елоеа и е на околу 50 км источно од Никозија. Пристаништето се одликува како најдлабокото пристаниште на Кипар. Фамагуста е франска кованица на неговото грчко име, што значи „закопана во песок“, опис на заленото устие на реката Педиеос северно од градот. Основана е како Арсиноа од македонскиот египетски крал Птоломеј II (308–246 п.н.е.). Ќе ја посетиме Готската црква Св.Никола и Керинија каде ќе имаме можност да го посетиме замокот во Керинија. Киренија е живописно пристаниште, и е најпопуларната туристичка дестинација во Северен Кипар. Венецијански пристанишен град кој е опкружен од прекрасните пошумени ридови на планините Бешпармак. Ќе го посетиме и прекрасното село Белапаис и неговата прекрасна опатија која се наоѓа на природна тераса во пошумените планини Пет прсти (Peristeri -од каде доаѓа името и на нашиот Пелистер) што се издигнуваат јужно од Киренија. Селото зрачи со спокојство, се наоѓа чекор назад во времето, и го заменува метежот и вревата на модерното време, со мир и спокојство за оние кои живеат или престојуваат помеѓу неговите тивки патеки и варосани куќи. Навистина, името Bellapais доаѓа од францускиот „belle paix“, што се преведува како „убав мир“. Враќање во Протарас. Вечера.Слободна вечер. Ноќевање 3.
4 ден 11.09.2023 (понеделник) Протарас-Агиа Напа-Ларнака- Солун
Појадок. Одјавување од хотел во 09.00 часот. Трансфер до аеродромот во Ларнака во 14.00 часот со попатна посета на Агиа Напа, како и Ларнака. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување од Ларнака во 19.40 часот Пристигнување во Солун во 21.55 часот. Заминување за Македонија за групата со организиран превоз и пристинување во вечерните часови. Организирани трансфери по градови.
Цена на аранжманот: 499 € / 30.938,00 ден
Еднокреветна соба 573 €
1-во дете: 2-12 години 299 € ; 2-ро дете 2-12 години 374 €
Во цената се вклучени следниве услуги:
Авиокарта Солун-Ларнака РТ со вклучен рачен багаж (30х40х20- 10кг)
Трансфери аеродром Ларнака-хотел и обратно
3 полупансиони во хотел Аделаис 3* (плажа, базени) во Протарас https://adelaisbayhotel.com/
Посета на Агиа Напа и Ларнака
Организација и водство на патувањето
Во цената не се вклучени следниве услуги:
Организиран трансфер (Битола-Солун-Битола) 40 €
Екскурзија Никозија 60 €
Ексурзија Фамагуста-Керинија 70 €
Багаж 10кг (55 x 40 x 23 см)– 3.800.00 денари за двата правца
Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
Влезници за посета на локалитетите
Доплата трансфер други градови 10 €
Паркинг аеродром Солун (28 € / кола /5 дена)
Патничко и здравствено осигурување 150 мкд
Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кавадарци 10 € /лице
Напомена :
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА Турист.
Кипар
Кипар е живописен остров во Средоземното Море кој постојано го привлекува вниманието на илјадници туристи. Оваа област вешто ги комбинира урнатините на античките грчки храмови, остатоци од населби кои датираат од камено време, величествени византиски, па дури и готски катедрали. Ние сакаме во неколку дена на да пробаме да ви пги преставиме иконски места на островот. Кипар е најголемиот од трите големи медитеранските острови. Со површина од 9250 квадратни. км. Сепак, не треба многу за да го преминете нагоре и надолу и се погледнат сите атракции. Со автомобил или бус од север кон југ, е да се помине во најширока точка 96 километри, а од исток кон запад повеќе – 224 km. Релјефот на островот Кипар е различен: песочни плажи и карпести гребени, долини и ридови, борови шуми и планински масиви.
Информации за времето на Кипар во септември
Времето на Кипар во септември е сончево со дневни температури од 26-34 °C. Септември е еден од најдобрите месеци за посета на Кипар. Времето е убаво и топло, но без вишок летни горештини.
Што да носите за време на вашите празници во Кипар
Времето во септември е одлично за пливање, сончање, разгледување знаменитости, истражување на селата и уживање во вашите омилени спортови.
1. Просечно време во септември
Сончево и топло!
Сончеви денови: 95% од деновите ќе бидат сончеви.
Дожд: многу ретко
Дневна температура: 26-34 °C
Пливање: Температура на водата 25-29 °C
Зајдисонце: Сонцето заоѓа во 19:45 часот
Услови
1. За реализација на аранжманот потребен е минимален број 20 платежни патници.
2. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањео и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
3. Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 15 лица
(во зависност од факултативата).
4. Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
5. Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
6. Седиштата во авионот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
7. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
8. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
9. Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
10. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
11. Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
12. За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
13. Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист
14. Редоследот на седење (за патување со автобус) е според датумот и на уплата
15. Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
16. Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
17. Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, авионски билет, хотел, автобуски трансфери и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
18. Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
19. Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
20. Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
21. Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
22. Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
23. Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
24. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
25. Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
26. Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
27. Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
28. Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
29. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ ја сноси патникот.
30. Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
31. Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.