TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Копенхаген ✈️

АВИОН/ 4 дена/ 3 ноќевања

 18 март СКОПЈЕ – КОПЕНХАГЕН
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.00 часот. Полетување во 06.10, авионот слетува во Копенхаген во 09.10 часот. Организиран трансфер од аеродром и разглед на градот: Разглед на средновековната Данска престолнина Копенхаген: Палатата Амалиенборг, резиденција на Данските Кралеви, Градското собрание, Парламентот на Данска во Палатата Кристијансборг, Операта, Кралската библиотека, Дворецот Розенборг, симболот на градот “Малата сирена”, создадена според истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен… Сместување во хотел. Во попладневните часови прошетка по најстарата пешачка зона во светот Строгет, со препознатлив „скандинавски дух“ и едноставни фасади со живи бои, канали и готски цркви. Во вечерните часови, препорачуваме возење со брод по каналите на Копенхаген. Ноќевање.

19 март КОПЕНХАГЕН – ДВОРЦИТЕ НА СЕВЕРЕН ЗЕЛАНД
Појадок. Препорачуваме факултативен излет до Дворците на Северениот дел на островот Зеланд. Посета на Дворецот Фредериксборг во Хилерод, најубавиот Дворец во Данска, сместен на три острови во средината на езерото. Во богато украсената внатрешност на Дворецот, е поставен данскиот историски музеј, а барокната градина во околината, е една од најубавите градини во Данска. Панорамската турнеја продолжува по данската ривиера до Елсинор, каде се наоѓа Кралскиот Дворец познат по делото Хамлет на големиот писател Вилијам Шекспир. Враќање во Копенхаген во попладневните часови, возејќи се по “Златниот брег”. Во вечерните часови препорачуваме посета на пивницата Carlsberg и можност за дегустација на познатото данско пиво. Ноќевање.

20 март КОПЕНХАГЕН – РОСКЛИД
Појадок. Полудневна (5часовна) екскурзија до Роскилд, 40км западно од Копенхаген. Влезете длабоко во данската историја од Викинзите до денес, градот нуди неверојатен увид во светот на Викинзите и нивната ера, кој повеќе од илјада години бил нивен гравен трговски центар. На самото пристаниште се наоѓа Музејот на бродови на Викинзи (вклучена влезница) , каде има бродови од 11 век, како и активено бродоградилиште. Разглед на градот и неговите знаменитости. Центарот на градот го краса готската катедрала Роскилд најстарата црква во Северна Европа, која истовремено е и гробница на кралското семејство на Данска. Враќање во хотел во Копенхаген. Во попладневните часови препорачуваме посета на историскиот забавен парк Тиволи со многу атракции и ресторани.. Ноќевање.

21 март КОПЕНХАГЕН – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродромот.
Авионот за Скопје полетува во 09.35 часот. Пристигнување во Скопје во 12.20 часот.

Рана уплата 359 евра (22.260 мкд)до 15.02
Редовна цена 429 евра (26.600 мкд)

Во цената Е вклучено:
Авионски превоз на релација Скопје-Копенхаген-Скопје
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
Организиран трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром
Сместување во Хотел 3* во Копенхаген ( 3 ноќевања со појадок )
Организиран разглед и прошетки во Копенхаген според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Аеродромски такси 4.960 мкд
Голема кабинска торба (со димензии 50х40х23см) 2.500 мкд / чекиран куфер до 10кг – 3.100 мкд / до 20кг – 4.100 мкд
Целодневна екскурзија (8часа) до Дворците на Северен Зеланд (превоз, водич, влезница за еден дворец ) – евра
Полудневна екскузија (5часа) до Росклид (превоз, водич, влезница за музеј на бродови) – евра
Туристичка такса 560 мкд – се плаќа во агенција
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 62,00 денари.
Калкулацијата е правена на минимум пријавени 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
П
ри резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
За патувањето потребно е да се поседува едно од наведените: сертификат за примени 2 дози европски признаени вакцини (со поминати 14 дена од втората) или потврда за прележан Ковид или ПЦР тест.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ