TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Крф

Крф за 1-ви мај

27.04.2023 (четврток)
ПРВ ДЕН: Состанок на групата на Дрводекор околу 22:00 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица, кај Гевгелија или Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.

28.04.2023 (петок)
ВТОР ДЕН:Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следувa возење до местото Ипсос, каде групата ќе биде сместена во сместувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината.
Некаде околу 17-18 часот, се упатуваме кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка прошетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Потоа слободно време за прошетка и запознавање со градот.
Во договорено време, враќање во сместувачките капацитети, ноќевање.

29.04.2023 (сабота)
ТРЕТ ДЕН:Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи. За време на 1 мај, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за да го истражуваме островот. Групата ќе има можност факултативно да го посети местото кое е најголемата атракција на осторовот, местото Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“ во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богодорица, од кој се пружа прекрасен поглед на заливите и самото место, како и аквариум со терариум каде ќе можете да се запознаете со животинскиот свет на островот.
По завршувањето на посетата, враќање во Ипсос.

30.04.2023 (недела)
ЧЕТВРТ ДЕН:Во договорено време, групата се упатува кон местото Ахилеон и Канони (факултативно). Канони е местото со најубавиот видиковец и поглед кон островот на Глувците, црквата Влахерна, а од десната страна има поглед кон еден од најмалите комерцијални аеродроми во Европа. Во текот на летниот период е главна туристичка атракција бидејќи туристите имаат прилика да ги гледаат пристигнувањата на авионите, буквално над нивните глави. Тука ќе се задржиме околу еден час, а потоа се упатуваме кон палатата Ахилеон на австриската кралица Елизабета, позната и како Сиси. Палатата била користена како нејзина летна резиденција, а по тоа служело и како една од најубавите коцкарници во Европа, а поради прекрасниот двор и градина е место каде се снимени многу филмови. Во денешно време е музеј со најголемата скулптура на Ахил во повредена положба, скулптури, фрески и други уметнички дела кои ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот. По завршувањето на посетата групата се враќа во Ипсос.

01.05.2023 (понеделник)
ПЕТТИ ДЕН:Последниот ден е резервиран за уживање во Ипсос. Голема е веројатноста во тој период времето да е веќе доволоно топло за да може да се искористат и придобивките на морето. Во договорено време се прави чек аут од апартманите и се упатуваме кон пристаништето каде ќе се качиме на траект кон Игуменица. Враќање во Македонија, со попатни паузи. Пристигнувањето е планирано во утринските часови.

Се патува од Скопје, Велес, Неготино, Гевгелија, Градско, Црна Река, Дреново, Прилеп, Битола

 

Промо цена 129 € дo 13.04.2023
Редовна цена 139 €

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Три ноќевања во приватни вили на Ипсос, Крф
Автобуски превоз
Повратен билет за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица
Туристички придружник/водич за време на престојот и патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Туристичка такса 1 евро од ден по соба
Посета на Градот Крф 10€
Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис 15€ (аквариум опционално 5€)
Посета на видиковецот Канони и палатата Ахилеон со влезница 25€
ПАКЕТ за три факултативи  45€ по лице
Задолжително патничко осигурување 250 денари по лице
Индивидуални трошоци

Напомени:
Во случај палатата Ахилеон да е под реконструкција и нема да постои можност за влез, ќе го посетиме таканаречениот Островот на глувците или Понтикониси (црквата Пантократор), мало островче, како и црквата Дева Марија.
За да направите резервација, потребно е да уплатите 30% аконтација, а до 10 дена пред тргнување да биде целосно исплатена сумата на аранжманот.
Доплата за еднокреветна соба 70% дополнително од цената на аранжманот
Деца од 0-03 години – бесплатно
Деца од 3 до 12 години (со двајца возрасни) плаќаат 70% од сумата на аранжманот
Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите
Седиште на барање се доплатува по желба 10€ по лице

Апартманско сместување:
Апартманите се наоѓаат во местото Ипсос/Пирги.
Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет
Секоја соба ќе биде опремена со постелнина и ќебe
Климата се употребува по желба (со доплата)

– Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
– Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
– Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
– Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
– Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
– Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
– Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
– Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
– Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
– Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
– Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
– Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
– Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
– Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
– Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
– Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
– Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
– Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
– Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
– Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
– Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
– Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ и ТА Турист

[/toggles