TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Крф

06.09.2023 (среда)
ПРВ ДЕН: Состанок на групата пред хотел Континентал во вечерните часови. Ноќно возење преку граничниот премин Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.

07.09.2023 (четврток)
ВТОР ДЕН: Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следувa возење до местото Ипсос, каде групата ќе биде сместена во сместувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината.
Во вечерните часови, се упатуваме кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка прошетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Потоа слободно време за прошетка и запознавање со градот.
Во договорено време, следува враќање во сместувачките капацитети, ноќевање.

08.09.2023 (петок)
ТРЕТ ДЕН: Следниот ден, групата ќе има можност факултативно да го посети местото кое е најголемата атракција на осторовот, местото Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“ во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богодорица, од кој се пружа прекрасен поглед на заливите и самото место, како и аквариум со терариум каде ќе можете да се запознаете со животинскиот свет на островот, но и светот. По завршувањето на посетата, се враќаме во Ипсос.

09.09.2023 (сабота)
ЧЕТВРТ ДЕН: Во договорено време, групата се упатува кон местото Сидари, едно од најголемите туристички места на островот, познато по каналот на љубовта, чија легенда вели дека заљубените треба да го препливаат и секогаш ќе бидат заедно. Сидари е дефинитивно место каде имате можност за секакви активности, од одлични бич барови, до голема шетачка зона со продавници и ресторани, до убава песочна плажа и глинени карпи кои се идеални за правење пилинг на кожата. Целодневен излет исполнет со уживање и истражување. По завршувањето на посетата групата се враќа во Ипсос.

10.09.2023 (недела)
ПЕТТИ ДЕН: Последниот ден е резервиран за уживање на плажата во Ипсос. Во договорено време се прави чек аут од апартманите и се упатуваме кон пристаништето каде ќе се качиме на траект кон Игуменица. Потоа следува враќање во Македонија, со попатни паузи. Пристигнувањето е планирано во утринските часови.

 

Промо цена 109 €
Редовна цена 119 €

 

Цената на аранжманот вклучува:
Три ноќевања во приватни вили на Ипсос, Крф
Автобуски превоз
Повратен билет за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица
Туристички придружник/водич за време на престојот и патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:
Туристичка такса 1 € од ден по соба
Посета на Градот Крф  15 €
Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис 20 € (аквариум опционално 7 €)
Посета на Сидари и каналот на љубовта 25 €
Задолжително патничко осигурување 300 денари по лице
Индивидуални трошоци

Пакет за сите факултативи  55 € по лице

Напомени:
За да направите резервација, потребно е да уплатите 30% аконтација, а до 10 дена пред тргнување да биде целосно исплатена сумата на аранжманот.
Доплата за сингл соба е 70% дополнително од цената на аранжманот
Деца од 0-03 години – бесплатно
Деца од 3 до 12 години (со двајца возрасни) плаќаат 70% од сумата на аранжманот
Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите
Седиште на барање се доплатува по желба 10 € по лице

Апартманско сместување:
Апартманите се наоѓаат во местото Ипсос/Пирги.
Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет
Климата се употребува по желба (со доплата)

Островот Крф, магичен, посебен, единствен. Дури и боговите своето прибежиште го наоѓале тука, а цела Европа се обидувала што повеќе да го задржи под своја власт. Остров со бурна историја и многу природни богатства. Токму затоа денеска е еден од најпосетуваните острови во Грција. Крф изобилува со прекрасни плажи, но и места кои ќе ви го одземат здивот. Совршено бегство за уживање во сончевите зраци за празникот 8 Септември

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

– Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
– Имајте предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата. – Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
– Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10 € по лице од уплатената сума, поради административните трошоци
– Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
– Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ. За патување на територијата на ЕУ пасошот не смее да има помалку од 3 месеци пред истекување.
ВАЖНО:Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
– Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
– Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
– Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
– Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
– Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
– Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
ПОЈАДОК: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
– Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
– Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
– Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
– Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
– Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
– Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
– Туристичката агенција не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
– Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
– Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
– Туристичката агенција Турист е посредник на патувањето.
– Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 € во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
– Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
– Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Турист и СКТМ