Детски камп – Крушево 2024
Детски камп
1 ден 03.01.2024
Поаѓање од Битола за Крушево во 08:00 часот пред училиштето Елпида Караманди.
Пристигнување во Крушево во 9:30 часот. Припремање за посета на ски стазите (санкање, скијање, прошетка…)
Враќање во сметувачкиот капацитет. Во договорено време, ручек.
Мал одмор. Слободно време за прошетка. Вечера и време предвидено за едукативни игри и забавни активности. Ноќевање.
2 ден 04.01.2024
Појадок. По појадокот се припремаме за посета на ски стазите (санкање, скијање,прошетка).
Враќање во сместувачките капацитети. Ручек, мал одмор. Посета на центарот на градот и културно-историските знаменитости. Враќање во сместувачките капацитети, вечера и можност за диско забава. Ноќевање.
3 ден 05.01.2024
Појадок. По појадокот, планирана е посета на Гумење (спомен куќата на Тоше Проески, Македониумот, Музејот на АСНОМ). По завршувањето на разгледот на градот се упатувме кон Битола, попатна посета на Мечкин Камен.
Поаѓање за Битола во попладневните часови.
Цена на аранжманот 4.900 денари
(можност за плаќање на 3 рати)
Во цената Е вклучено:
2 ноќевања со полн пансион
Сместување во приватни вили од А категорија ( вила La MUNTE)
Појадок, ручек, вечера (оброците се во ресторан Крушевска Одаја)
Превоз со високо туристички автобус
Доктор во текот на целото патување
Пратител на групата Инструктор по скијање
Влезници за Културно историските локалитети
(Спомен Куќата на Тоше Проевски, Македониумот, Музејот на АСНОМ)
Во цената НЕ Е вклучено:
Индивидуални трошоци
Патничко осигурување (1 евро по лице)
Билети за ски лифт и жичара (околу 600 денари, на ден)
Билети за жичара околу 150 денари на ден (за лицата што нема да користат ски лифт)
Изнајмување ски опрема и санки (околу 300 ден на ден)
Напомена: доколку нема услови за скијање, планирани се заменски активности адреналински парк (околу 350 денари), пешачење, едукативни игри…
Минимален број на пријавени 25 лица, максинален број на приајвени лица 50.
Резервации и информации на 047/202-777 или 070 202 777 или директно во агенција.
ул. Крали Марко 16 (Стара Чаршија), Битола.
Вила Ла Мунте
Вила Ла Мунте се наоѓа во строгиот центар на Крушево на самата пешачка зона.
Собите (од 20 до 35 м2) се опремени со телевизор, фижидер, плакар, интернет, мини чајна кујна со електричен бокал, електично ѓезве, сопствен тоалет, безжичен интернет….
Вилата има дневен престој кој гостите може да го користат за дружба.
Вилата нема паркинг простор, се користи градскиот паркинг кој е на 20 метри од вилата.
Вилата се наоѓа во мирно опкружување.
Прием на собите прв ден по : 14:00 часот
Напуштање на собите последен ден до: 10:00 часот.
Клучот се подига од сопствениците на вилата кои ги чекаат гостите пред самата вила.
Постелнините и пешкирите се менуваат редовно.
Во вилата не е дозволено престој на домашни миленици….
Крушево
Град во западниот дел на Републиката, во пазувите на Бушева планина.
Со 1.350 метри надморска височина, Крушево претставува единствениот планински град во Македонија и највисокиот град на Балканот. Крушево прв пат се спомнува во историските извори од 1467 година.
Крушево, како развиена и организирана градска населба се формира во крајот на XVIII век и почетокот на XIX век. За формирањето на Крушево како градска населба, значајно е доселувањето на Власите од Москополе и неговата околина од 1769 до 1788 година и го основале Влашкото Маало. Во почетокот на XIX век во периодот од 1812 до 1821 година се доселила втора група Власи, но сега не од Москополе, туку од планината Грамос.
Како занаетчиски и трговски центар многу брго се развивал и веќе во 1883 година во него живееле околу 12.000 жители. За време на Илинденското востание, градот е ослободен на 2 август 1903 година и тука е формирана Крушевската Република. Оддалечен е 25 км северно од Демир Хисар годишна температура во Крушево изнесува 8,4°С.
Зимската сезона во Крушево трае од ноември до крајот на март. Зимите се благи, сончеви и со доста снег. Скијачките терени на Бушава Планина од двете страни се 1.200 метри и 1.400 метри. Крушево ги привлекува љубителите на зимските спортови со прекрасните скијачки терени и патеки за зимско трчање, кои се наоѓаат недалеку од градот. Скијачките терени се наоѓаат на месноста Станич, опремена со ски-лифтови (двоседи и едноседи).