TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Крушево 🚌

 ВИКЕНД КРУШЕВО

1 ден
Поаѓање од Битола за Крушево околу пладне. Сместување во хотел.
Запознавање со културно-историското значење на градот и неговите најзначајни облежја. Ручек.
Слободно време за мал одмор. Во поладневните часови се припремаме за посета на градот и Гумење (спомен куќата на Тоше Проески, неговото вечно почивалиште, Македониумот итн.) Вечера.
После вечерата времето е предвидено за диско забава.

2 ден
Појадок. По појадокот се припремаме за посета на ски стазите (санкање, скијање, сончање).
Враќање во хотелот. Ручек, па мал одмор. Повторно посета на градот и културно-историските знаменитости. Враќање во хотелот, вечера и можност за диско забава.

3 ден
Појадок. По појадокот се упатуваме кон Мечкин Камен, слободно време за прошетка.
Поаѓање за Битола во попладневните часови.

Цена на аранжманот 3.900 денари
(можност за плаќање на 3 рати)

Во цената Е вклучено:
2 ноќевања со полн пансион (појадок, ручек, вечера)
Превоз со високо туристички автобус
Доктор во текот на целото патување
Пратител на групата
Инструктор по скијање

Во цената НЕ Е вклучено:
Индивидуални трошоци
Патничко осигурување (1 евро по лице)
Изнајмување ски опрема (300 ден на ден)

Вила ГОРА 1 е реномиран сместувачко-угостителски објект во Крушево кој својата дејност ја обавува од 2005 година. Располага со 10 двокреветни, трикреветни и четирикреветни соби, ресторан и друштвени простории. Сместена во хотелската зона, на самиот раб на боровата шума во близина на крушевската корија, вила Гора на своите гости им нуди удобно сместување и исхрана и лесен пристап со автомобил до сопствен паркинг; целосна опуштеност во урбаната, а сепак природна средина, но и активен одмор во слободните часови, зашто на дофат се многубројните културно-историски знаменитости со кои Крушево изобилува, како и природните реткости во блиската околина кои нудат незаборавни прошетки, спорт, рекреација.

Вила Гора 2 е нов објект на нова локација. Вила Гора 2 се наоѓа на 100м од Вила Гора 1 и располага со 8 двокреветни, трикреветни и четирикреветни соби, прекрасен дневен престој и сопствен паркинг. Повелете во Крушево, во највисокиот град на балканот и Вила Гора ќе Ви понуди удобно сместување, како и професионална и соодветна услуга, притоа нудејќи разновидност на природни убавини кои ќе го направат Вашиот престој исплатлив. Комфорот и професионалноста ќе ја заслужат вашата доверба па со нетрпение ќе го очекуваме вашиот следен престој.

Услови за откажување:
Откажување на резервација до 5 дена пред почетната дата – без пенали;

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )