КСАМИЛ Ксамил е скриен скапоцен камен, кој се наоѓа на албанската ривиера. Во Ксамил, можете да уживате во рајските плажи кои нудат бел песок и кристално чиста вода со медитеранска клима во текот на целата година. Во селото живеат околу 4000-5000 луѓе и туризмот се зголемува со секоја измината година. ПРОГРАМА: 1 ден – четврток (04.03.2021) Состанок на групата на Дрводекор во 21:30 часот, поаѓање во 22:00. 2 ден – петок (05.03.2021) Пристигнување во Албанија во утринските часови. Сместување во собите во Вила Гарден. Слободно индивидуално време за одмор или прошетка во Ксамил. 3 ден – сабота (06.03.2021) По појадокот, одиме во посета на националниот парк Бутринт – национален парк во јужниот дел од Албанија, оддалечен 18 километри од градот Саранда, во регионот на Валона. Паркот зазема површина од 94.244 км2 и се простира на ридест терен, со бројни езера, мочуришта, ливади, солено песокливо земјиште и острови. Во овој богат геоеколошки систем живеат преку 1200 растителни и животински видови. Под заштита и управа на националниот парк Бутринт влегуваат и сите езера и лагуни. Археолошкото наследство на Бутринт е едно од најголемите и најважни наоѓалишта во Албанија. Во него се најдени предмети и градби од бронзено време, па сѐ до среден век. И денес се гледаат остатоци на градските ѕидини, крстилници од античкиот период, базилика, римски амфитеатар и два замка. Остатоците од древниот град се наоѓаат во природен амбиент, со комплексен екосистем кој зависи од блиското езеро и каналот кој ја одведува водата во Јонско Море. Оваа комбинација на историски споменици и природното опкружување го прави Националниот парк Бутринт уникатен културно-природен споменик. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП) го ставил овој парк во втора категорија на заштита. Во 1992 година, Националниот парк Бутринт пристапил во УНЕСКО и е внесен во списокот на светското културно-природно наследство. Лагуната и мочуриштето се влезени во подрачја од меѓународно значење, според Рамсарската конценција. Езерото Бутринт е важна област во која се наоѓаат голем број на растителни видови и птици од меѓународно значење. По прошетката, враќање во вилите. Слободно индивидуално време. Ноќевање. 4 ден – недела (07.03.2021) По појадокот, одјавување од Вила Гарден во утринските часови. Време предвидено за индивидуална прошетка, шопинг. Тргнување за Скопје во 14:00 часот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 65 ЕВРА ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: – Превоз со високотуристички автобус на наведената релација ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: – Патничко осигурување
– Се патува со лична карта или пасош За влез во Албанија не е потребен PCR тест.Програма
8-МИ МАРТ
Ксамил е првенствено познат по своите убави песочни плажи и кристално чисти води. Особено на четирите острови лоцирани недалеку од крајбрежјето. Овие четири острови се ненаселени и до нив доаѓате со брод.
Селото, исто така, го има задржано шармот до одреден степен и има многу пријатни мали ресторани со домашна кујна.
Ноќно возење преку граничниот премин Ќафасан со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Во вечерните часови, предвидена е факултативна прошетка во Саранда, градче сместено покрај брегот на Јонското Море. Претставува еден од најважните туристички центри тука, исполнето со многубројни кафулиња, ресторани и продавнички. Враќање во вилата и ноќевање.
– 2 ноќевања со појадок во Вила Гарден – Ксамил
– Посета на националниот парк Бутринт
– Организација и реализација на патувањето
– Лиценциран туристички водич
– Факултативна посета на Саранда – 5 евра по лице Услови
– За влез во Албанија не е потребен PCR тест, ниту тест за антитела
– За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 20 патници
– Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
