TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Лисабон-Порто ✈️

26. Април (Вторник) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ПОРТО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:15 часот. Полетување во 12:15 и пристигнување во Порто во 15:10 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до улицата Света Катерина и уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик. Ноќевање.
27. Април (Среда) ПОРТО
Појадок. Прошетка низ Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Авенијата Алиадос, Катедралата, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби… Порто е нераскинливо позврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Ноќевање.
28. Април (Четврток) ПОРТО
Појадок. Разгледувањето на Порто продожува до речниот брег, во квартот Вила Нова де Гаја. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Ноќевање.
29. Април (Петок) ПОРТО – ЛИСАБОН
Појадок. Организиран трансфер до Лисабон. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: Плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата на Слободата, покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квавртот Алфама. Препорачуваме посета на кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до симболот на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, кој е под заштита на УНЕСКО. Сместување во хотелот. Вечерна прошетка по елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Росио и Рестаурадорес. Прошетката продолжува по уличките со калдрма низ квартот Алфама со можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на централниот дел на Лисабон. Ноќевање.
30. Април (Сабота) ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ
Појадок. Прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон најдолгиот мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Можност за посета на продавниците во еден од најголемите шопинг центри во Европа, Freeport Outlet Designer Mall. Ноќевање.
01. Мај (Недела) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА
Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Вечерта, препорачуваме вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.
02. Мај (Понеделник) ЛИСАБОН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Лисабон. Полетување за Истанбул во 11:20 часот. Пристигнување во Истанбул во 18:00 и полетување за Скопје во 19:00. Слетување во Скопје во 19:30 часот.

Цена на аранжманот: 899 (55.750 денари)

Во цената Е вклучено:
Повратен авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Порто и Лисабон – Истанбул – Скопје
Со вклучени аеродромски такси
Багаж за чекирање до 30 кг и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 кг)
Трансфер од аеродромот до хотелот во Порто
Трансфер од хотелот во Порто до хотелот во Лисабон
Трансфер од хотелот до аеродромот во Лисабон
3 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во Порто
3 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во Лисабон
Разглед и прошетки во Лисабон според програмата
Разглед и прошетки во Порто според програмата
Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Туристичка такса 18 € (се плаќа во хотелите на рецепција)
Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 75 €
Карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување

Лисабон, срцето на Португалија, најзападната европска метропола сместена на седум ридови, со звукот на музиката Фадо и вкусот на најубавото португалско вино.

Порто, импресивен и харизматичен. Спој на традиционалното и модерното.

Задолжително е да имате патничко осигурување за патувањето.

За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на патникот, а со целосна доплата најдоцна до 14 дена пред поаѓање

Валидноста на патните исправи се обврска на патниците.
Патнатаа исправа треба да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.
Т.А. Турист е посредник во аранжманот.
Минимален број на патници за реализирање на програмата е 20 лица.
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, да ја корегира цената или да изврши промени во аранжманот.
Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот доколку дојде до промена на цените на авионските билети, или доколку настане поголема промена во девизниот курс.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( задолжително прочитај ги тука )