TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Лисабон-Порто ✈️

20. Октомври (Четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ПОРТО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:15 часот. Полетување во 12:15 и пристигнување во Порто во 15:10 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до улицата Света Катерина и уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик. Ноќевање.
21.Октомври (Петок) ПОРТО
Појадок. Прошетка низ Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Авенијата Алиадос, Катедралата, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби, плоштадот Слобода, кулата Клеригос… Порто е нераскинливо поврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до градот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Можност за крстарење по реката Доуро. Ноќевање.
22. Октомври (Сабота) ПОРТО – ЛИСАБОН
Појадок. Организиран трансфер до Лисабон. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: започнуваме со најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден од симболите на градот, прекрасната кула Белем која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Од тука се пружа прекрасен поглед на мостот 25. Април, кој потсетува на мостот Голден Гејт  во Сан Франциско. Потоа одиме до споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, Слободно време за посета на најпознатата лисабонска слаткарница  Пастел де Белем од 1837 година и можност да се вкуси истоименото колаче. Сместување во хотелот. Вечерна прошетка по Плоштадот Маркиз де Помбал и елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Рестаурадорес и Росио. Ноќевање.
23. Октомври (Недела) ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ
Појадок. Прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон вториот најдолг мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Враќање во центарот на Лисабон и прошетка покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квавртот Алфама – најстариот дел на Лисабон, познат по тесните улички со калдрма. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на централниот дел на Лисабон. Ноќевање.
24. Октомври (Понеделник) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА
Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19  век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставуваат совршен контраст на зеленилото кое ја опкружува. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Вечерта, препорачуваме вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.
25. Октомври (Вторник) ЛИСАБОН-ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Лисабон. Полетување за Истанбул во 11:20 часот. Пристигнување во Истанбул во 18:00 и полетување за Скопје во 19:00. Слетување во Скопје во 19:30 часот.

Цена на аранжманот:                            899 €а               (55.750 денари)

 

Цената вклучува:
Авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Порто и Лисабон – Истанбул – Скопје
Аеродромски такси
Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
Трансфер од аеродромот до хотелот во Порто
Трансфер од хотелот во Порто до хотелот во Лисабон
Трансфер од хотелот до аеродромот во Лисабон
2 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во Порто
3 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во Лисабон
Разглед и прошетки во Лисабон според програмата
Разглед и прошетки во Порто според програмата
Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:
Туристичка такса 10 € (се плаќа во хотелите на рецепција)
Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 85 €
Карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување

Напомени !
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

 

 

Лисабон, срцето на Португалија, најзападната европска метропола сместена на седум ридови, со звукот на музиката Фадо и вкусот на најубавото португалско вино.

Порто, импресивен и харизматичен. Спој на традиционалното и модерното.

 

 

Задолжително е да имате патничко осигурување за патувањето.

За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на патникот, а со целосна доплата најдоцна до 14 дена пред поаѓање

Валидноста на патните исправи се обврска на патниците.
Патнатаа исправа треба да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.
Т.А. Турист е посредник во аранжманот.
Минимален број на патници за реализирање на програмата е 20 лица.
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, да ја корегира цената или да изврши промени во аранжманот.
Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот доколку дојде до промена на цените на авионските билети, или доколку настане поголема промена во девизниот курс.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( задолжително прочитај ги тука )

Лисабон, ПОРТУГАЛИЈА
четврток, октомври, 20, 2022
6 dena 5 noki
20
€899.00

ОКТОМВРИ 2022

АВИОН
20-25.10.2022

€899.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица