TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Лисабон и Порто ✈️

 

16. Март (Четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ЛИСАБОН
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 12:15 часот. Полетување во 13:50 и пристигнување во Лисабон во 15:45 часот. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: започнуваме со најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден од симболите на градот, прекрасната кула Белем која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Од тука се пружа прекрасен поглед на мостот 25. Април, кој потсетува на мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Потоа одиме до споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век. Слободно време за посета на најпознатата лисабонска слаткарница  Пастел де Белем од 1837 година и можност да се вкуси истоименото колаче. Сместување во хотелот. Вечерна прошетка по Плоштадот Маркиз де Помбал и елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Рестаурадорес и Росио. Ноќевање.
17. Март (Петок) ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ
Појадок. Прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон вториот најдолг мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Враќање во центарот на Лисабон и прошетка покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квавртот Алфама – најстариот дел на Лисабон, познат по тесните улички со калдрма. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на централниот дел на Лисабон. Ноќевање.
18. Март (Сабота) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА
Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19  век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставуваат совршен контраст на зеленилото кое ја опкружува. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Вечерта, препорачуваме вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.
19. Март (Недела) ЛИСАБОН – ПОРТО
Појадок. Организиран трансфер до Порто. Сместување во хотелот. Прошетка низ Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство: Авенијата Алиадос, Катедралата, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби, плоштадот Слобода, кулата Клеригос… Ноќевање.
20. Март (Понеделник) ПОРТО
Појадок. Прошетка до улицата Света Катерина и уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик. Порто е нераскинливо поврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до градот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Можност за крстарење по реката Дуоро. Ноќевање.
21. Март (Вторник) ПОРТО – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Порто. Полетување за Истанбул во 11:30 часот. Пристигнување во Истанбул во 19:10 и полетување за Скопје во 20:25 (локално време). Слетување во Скопје во 19:55 часот.

 

Цена на аранжманот: 799 €

 

Цената вклучува:
Повратен авионски превоз Скопје-Истанбул-Лисабон и Порто–Истанбул-Скопје
Аеродромски такси
Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
Трансфер од Аеродромот до хотелот во Лисабон
Трансфер од хотелот во Лисабон до хотелот во Порто
Трансфер од хотелот до Аеродромот во Порто
3 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во Лисабон
2 ноќевања со појадок во Хотел 3/4* во Порто
Разглед и прошетки во Лисабон според програмата
Разглед и прошетки во Порто според програмата
Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:
Туристичка такса 10 евра (се плаќа во хотелите на рецепција)
Факултативно околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 85 €
Карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување

Напомени !
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

 

Лисабон, срцето на Португалија, најзападната европска метропола сместена на седум ридови, со звукот на музиката Фадо и вкусот на најубавото португалско вино.

Порто, импресивен и харизматичен. Спој на традиционалното и модерното.

* За реализација на аранжманот потребен е минимален број 25 платежни патници.
* Личните податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијатa
* По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
* Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
* Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е …… (во зависност од факултативата).
* Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување
* Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
* Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд
* Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непредвидени трошоци.
* Седиштата во авионот/автобусот се определуваат автоматски во систем според датумот и редоследот на уплата.
* Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.
* Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
* Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
* Поради државни или верски празници или реновирање на одредена дестинација и локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
* Се предупредуваат патниците поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
* Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата во држава во која се патува транзит или каде се реализира аранжманот, и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите низ кои се поминува (транзит) при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
* Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
* Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ го сноси патникот.
* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената
* За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност а со важност се и се применуваат
Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

Лисабон, ПОРТУГАЛИЈА
четврток, март, 16, 2023
6 dena 5 noki
20
€799.00

МАРТ 2023

АВИОН
16-21 Март 2023

€799.00
по возрасен

Распродадено

Надминат е бројот на лица