TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Мадрид Валенсија ✈

 

07.03.2020                                           СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МАДРИД
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:30 часот. Полетување за Мадрид преку Истанбул во 09:05 и пристигнување во 16:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка низ центарот на Мадрид и можност за посета на Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми… Ноќевање.

08.03.2020                                           МАДРИД
Појадок. Прошетка преку познатиот парк Ретиро и посета на еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… Посета на стадионот „Сантиаго Бернабеу“,  на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.

09.03.2020                                           МАДРИД
Појадок. Прошетка низ центарот на “Кралскиот град”, по авенијата Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес, музејот Reina Sofia, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”.  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Препорачуваме посета на музејот Thyssen Bornemisza. Ноќевање.

10.03.2020                                           МАДРИД – ТОЛЕДО – ВАЛЕНСИЈА
Појадок. Слободно време за утринско кафе и торта. Екскурзија до Толедо, град-музеј, патување до срцето на Кастилја и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно – историското наследство на Толедо длабоки и сеуште видливи траги оставиле Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по ремек делата на големиот уметник Ел Греко. Тргнување за Валенсија во попладневните часови. Пристигнување во хотелот во вечерните часови и сместување. Ноќевање.

11.03.2020                                           ВАЛЕНСИЈА
Појадок. Посета на комплексот “Градот на науките и уметностите”, импресивен пример на модерната архитектура, дизајниран од познатиот архитект Сантијаго Калатрава. Прошетка до привлечното и историско јадро на Валенсија и слободно време за ручек во некој од рестораните каде што се подготвуваат разни видови на паелја, освежителен сок “horchata” oд бадеми и “agua de Valеncia” свежо цеден сок од портокали и шампањ. Ноќевање.

12.03.2020                                           ВАЛЕНСИЈА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродромот во Валенсија. Полетување за Истанбул во 12:30 часот. Пристигнување во Истанбул во 18:35 и полетување за Скопје во 20:10 (локално време). Слетување во Скопје во 19:50 часот.

За уплата до 31 Јануари цената е 599 евра
Редовна цена на аранжманот е 699 евра

Во цената Е вклучено:
Авионски превоз Скопје-Истанбул-Мадрид и Валенсија-Истанбул-Скопје
Аеродромски такси
Багаж до 30кг и рачен багаж (ташна и 1 торба со димензии 55х40х20см до 8 кг)
Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Мадрид
Сместување во Хотел 3/4* во Мадрид на база 3 ноќевања со појадок
Организиран превоз од Мадрид до хотелот во Валенсија
Сместување во Хотел 3/4* во Валенсија на база 2 ноќевања со појадок
Организиран трансфер од хотелот до аеродромот во Валенсија
Прошетки во Мадрид и Валенсија според програмата
Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Факултативни посети: Посета на Толедо со вклучен автобуски превоз 45 евра, Фламенко…
Влезници во локалитетити
Карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување 350 денари

1.   За реализација на аранжманот потребен е минимален број 20 платежни патници.
2.  Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
3.   Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии (во зависност од факултативата).
4.   Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
5.   Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
6.   Седиштата во авионот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
7.   Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
8.  Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
9.  Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
10.  Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
11.   Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
12.  За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
13.  Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист
14.  
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
15.  Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
16.  Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
17.  Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
18.  Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
19.  Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
20.  Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
21.  Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
22.  Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
23.  Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
24.  Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
25.  Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
26.  Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
27.  Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
28. Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
29. Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ ја сноси патникот.
30.  Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
31.  Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената