TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Мадрид-Толедо-Валенсија ✈️

 

07. Март (Вторник) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МАДРИД
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Мадрид преку Истанбул во 08:45 и пристигнување во 16:30 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка низ центарот на Мадрид и можност за посета на Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми… Ноќевање.
08. Март (Среда) МАДРИД
Појадок. Прошетка преку познатиот парк Ретиро и посета на еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… Прошетката продолжува со посета на стадионот „Сантиаго Бернабеу“,  на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.
09. Март (Четврток) МАДРИД
Појадок. Прошетка низ центарот на “Кралскиот град”, по познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес. Посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”.  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Препорачуваме посета на музејот THYSSEN BORNEMISZA. Ноќевање.
10. Март (Петок) МАДРИД – ТОЛЕДО – ВАЛЕНСИЈА
Појадок. Слободно време за утринско кафе и торта. Екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастилја и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно – историското наследство на Толедо длабоки и сеуште видливи траги оставиле Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по ремек делата на големиот уметник Ел Греко. Тргнување за Валенсија во попладневните часови. Пристигнување во хотелот во вечерните часови и сместување. Ноќевање.
11. Март (Сабота) ВАЛЕНСИЈА
Појадок. Посета на комплексот “Градот на науките и уметностите”, импресивен пример на модерната архитектура, дизајниран од познатиот архитект Сантијаго Калатрава. Прошетка до привлечното и историско јадро на Валенсија и слободно време за ручек во некој од рестораните каде што се подготвуваат разни видови на паелја, освежителен сок “horchata” oд бадеми и “agua de Valеncia” свежо цеден сок од портокали и шампањ. Ноќевање.
12. Март (Недела) ВАЛЕНСИЈА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродромот во Валенсија. Полетување за Истанбул во 12:10 часот. Пристигнување во Истанбул во 18:00 и полетување за Скопје во 20:25 (локално време). Слетување во Скопје во 19:55 часот.


За уплата до 07 Февруари: 699 € (43.350 денари)

Цена на аранжманот: 759 € (47.060 денари)

 

Во цената Е вклучено:
Авионски превоз Скопје-Истанбул-Мадрид и Валенсија-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси
Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба со димензии 55х40х20см до 8 кг)
Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот во Мадрид
Сместување во Хотел 3/4* во Мадрид – 3 ноќевања со појадок
Организиран превоз од Мадрид до хотелот во Валенсија
Сместување во Хотел 3/4* во Валенсија на база 2 ноќевања со појадок
Организиран трансфер од хотелот до Аеродромот во Валенсија
Прошетки во Мадрид и Валенсија според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Туристичка такса 750 денари (се плаќа во Агенција)
Факултативни посети:
Посета на Толедо со вклучен автобуски превоз 50 евра, Фламенко…
Влезници во локалитетити
Карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување

 

 

* За реализација на аранжманот потребен е минимален број 25 платежни патници.
* Личните податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијатa
* По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
* Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
* Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е …… (во зависност од факултативата).
* Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување
* Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
* Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд
* Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непредвидени трошоци.
* Седиштата во авионот/автобусот се определуваат автоматски во систем според датумот и редоследот на уплата.
* Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
* Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
* Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
* Поради државни или верски празници или реновирање на одредена дестинација и локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.
* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
* Се предупредуваат патниците поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.
* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.
* Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата во држава во која се патува транзит или каде се реализира аранжманот, и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите низ кои се поминува (транзит) при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
* Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување…
* Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ го сноси патникот.
* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената
* За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност а со важност се и се применуваат
Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )