TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Малта-1ви Мај

30 Април 2023 (Недела) Битола-Скопје-Малта
Состанок на групата на аеродром Скопје во 18.00 часот. Полетување во 20:10 часот .
Слетување на аеродром во Малта во 21,55 часот (локално време).
Трансфер и сместување во хотел Сореда 4* во Буџиба. Вечера. Ноќевање 1.

01 Мај 2023 (Понеделник) Малта-Гозо
Појадок. Слодобден ден.  Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu… Цена на турата (со вклучен ручек) 60 Еур. Попладне враќање во хотел. Вечера. Ноќевање 2.

02 Мај 2023 (Вторник) Моста-Мдина-Валета
Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна екскурзија до M0sta, Mdina, Crafts Village i Valetta. Разглед на Валета изграден од витезите на St. John. Разгледот го започнуваме со 3Д шоу каде низ видео запис ќе првично ќе се запознаеме со Малта. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети (влезница 15 ЕУр) … Цена на турата: 60 Eur. Попладне враќање во хотел. Вечера. Ноќевање 3.

03 Мај 2023 (Среда) Kомино и Плава Лагуна или крстарење по заливот Валета
Појадок. Слободен ден. Можност за избор за организирана факултаттивна тура со автобус и брод за островот Комино или пак крстарење по заливот Валета. Комино е населен остров со околу 500 жители. Непосредно од Комино се наоѓа Коминото. Коминото е многу мал остров кој спаѓа во Комино и е ненаселен. Помеѓу Комино и Коминото се наоѓа познатата „сина лагуна“ која е многу посетена од туристи од насекаде. Островот го добил името по растението Ким (Cuminum cyminum) што е мошне распространето на таа почва. Целодневна екскурзија со можност за забава, ланч пакет, неограничени пијалоци и многу насмевки. Цена 40 €
Крстарење по заливот Валета 30 €. Враќање во хотел во попладневните часови.Вечера. Ноќевање 4.

04 Мај 2023 (Четврток) Малта-Скопје-Битола
Појадок. Слободно претпладне за прошетка и шопинг во многуте трговски комплекси во близина. Одјавување од хотел. Можност за факултативна  екскурзијата кон трите града Senglea-Isla, Vitoriossa-Birgu, Conspicoua Bormla, едни од најубавите историски места на Малта, од каде ќе ги дознаеме за историјата и културата на Малтежаните (40 €). Бедемите кои се направени за заштита на градот од витешкиот ред, кои датираат од 16ти век. Ќе ги погледнеме најлуксузните марини на островот кад се вкотвени јахтите на светскит џет-сет. Враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром во 18.00 часот.
Полетување за Скопје во 21,50 часот. Слетување во Скопје во 23:30 часот.
Организиран трансфер до Битола и останати градови со доплата..

Цена на аранжманот: 399 € / 24,738,00 мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз Скопје-Малта-Скопје со WizzAir (авионска карта со рачен багаж 8кг)
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
– Сместување во хотел Soreda 4* (базен, фитнес, сауна)
– 4 ПОЛУПАНСИОНИ (појадок+вечера) https://soredahotel.com-malta.com/en/
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Трансфер Битола-Скопје-Битола 20 €
– Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 60 €
– Факултативна посета на Гозо 60 €
– Факултативна  екскурзијата-три града Senglea-Isla, Vitoriossa-Birgu, Conspicoua Bormla 40 €
– Факултативна посета на островот Комино и Плавата Лагуна со можност за капење 40 €
– Факултативна крстарење по заливот Валета 30 €
– Туристичка такса во хотел
– Влезници за културно историските музеи
– Патничко осигурување
– Сите неспоменати трошоци

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш!


* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
* Резервација со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* Комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
* Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
* За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
* Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.